Windows 8 нема да има Start копче

Windows 8 ќе остане без „Старт“ копчето, a најверојатно до конечната верзија Windows 8 ќе остане и без старт менито. Одлуката за ваков чекор е поради податоците кои Мicrosoft ги добива од корисниците кои им покажуваат дека новиот таскбар многу почесто се користел отколку навигацијата низ старт менито.

Старт копчето е заштитен знак на Windows уште од верзијата 95 пред 15 години. Дел од причините поради кои е заменето се функционалноста при селектирање со глувчето и екраните на допир. Со верзијата 8220 функционалноста на копчето ќе биде заменета со поместување кон аглите. На место на „старт“ копчето сега се наоѓа „task switcher“. Овде ќе можете да ги разгледате последните отворени апликации и да промените која од нив е активна.

Старт копчето заедно со старт менито сега е префрлено на десната страна и е скриено се додека не отидете со глувчето во горниот десен агол. Тука се наоѓа Windows копчето кое содржи најголем дел од функционалноста на Старт копчето и менито. Microsoft има уште 3-4 месеци да заврши со измените кои ги прават во оперативниот систем бидејќи Windows 8 се очекува во октомври.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments