Microsoft ја објави најновата надоградба на својот оперативен систем. Windows 8.1 е достапен бесплатно за сите корисници кои купиле Windows 8 оперативен систем за PC и таблет компјутери, а може да се инсталира и директно на Windows 7, но ќе треба да се купи.
[youtube]6QGrv7JbzjU[/youtube]
Најголемата новина е секако враќањето на Start копчето во десктоп модот, иако „враќање“ е погрешен термин бидејќи Start копчето го стартува модерниот интерфејс. Со десен клик на копчето се појавува листа со корисни опции за подесување. Додадена е и Boot-to-Desktop опцијата со која компјутерот стартува директно во декстоп модот. Ова е корисно за корисниците на кои не им се допаѓа Metro интерфејсот, а ги има многу.
„Со Старт8 осмицата ми е иста како Windows 7, само побрза е некако, а и ми се допаѓа тој flat, непрозирен изглед на прозорците.“, објаснува Toshex на форумот на IT.com.mk. „Грдa е продавницата за апликации, која не сум ја отворил никојпат. Во Metro старт менито имам влезено 3 пати само, чисто поради менување на опции некои кои само таму ги има. Многу го расцепкаа Windows-отт и стојам на тоа дека требаше да извадат посебни десктоп и таблет верзии“.
[youtube]7BN0W7CONpw[/youtube]







