Watch Dogs, играта со хакери на Ubisoft, е одложена за 2014-та

Одложувањето на играта со хакери Watch Dogs за пролет 2014 година ќе ги чини Ubisoft повеќе отколку што се надеваа. По вчерашната објава дека играта ќе доцни акциите на развивачите на Assassin’s Creed и Splinter Cell паднаа за 26 отсто, јавува BBC.

Изненадувачки, одложувањето на играта дојде еден месец пред нејзиното излегување во продажба, иако Watch Dogs е во развој веќе шест години. Компанијата се надева дека играта ќе биде еден од столбовите во иднина кои ќе ги зголемат финансиските перформанси на Ubisoft. „Во контекст на успехот на нашите блокбастери, дополнителното време ќе им овозможи на развивачите да ги исполнат своите амбиции и очекувањата на играчите, кои ќе добијат уште поспектакуларно искуство.“ вели директорот на Ubisoft, Ивс Гилермо.

„Поради успехот на Grand Theft Auto V, Ubisoft се под поголем притисок врз Watch Dogs. Тие сакаат овој наслов да биде нивната следна голема фрашиза.“, вели аналитичарот Мајк Хики за New York Times.

Watch Dogs е една од игрите кои беа најавувани дека ќе бидат достапни на првиот ден на излегување на новата генерација на PlayStation и Xbox. Иако одлагањето на играта еден месец пред излегувањето не е вообичаена пракса, сепак не е ниту првпат да се случи. Half Life 2 беше одложена само една недела пред излегувањето за потоа да ги освои сите награди за најдобра игра, потсетува BBC.

Поради одлагањето на играта Ubisoft ја променија финансиската анализа за 2013 година и сега очекуваат загуба од 95 милиони долари. Се разбира станува збор за краткорочна промена, а приходот од играта секако ќе пристигне. Одлагањето на потенцијален хит не е добредојдено, но е далеку подобра опција од издавање на закрпи и надградби веднаш по излегувањето.

[youtube]kPYgXvgS6Ww[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments