{mosimage}Потребно е само еден ден за „пиратите“ и новиот оперативен систем на Microsoft да се појави на озогласениот Pirate Bay, во 32-битна верзија. Првпат се појавил на 29 Октомври само еден ден откако Microsoft го презентираше Windows 7 на Конференцијата за професионални развивачи на програми. На таа конференција на самите посетители, меѓу кои и новинари и блогери, им биле поклонети неколку „рецензентски“ копии и …. се нашле на пиратски сајт.
До неделата на Pirate Bay можеле да се најдат неколку верзии од Windows 7 – 32-битната била најбрза за симнување и тежи 2.7 ГБ, додека 64-битната верзија е 3.35 ГБ.
Ова не им е прв пат на Microsoft нивниот нов продукт да се најде на пиратските страници (Piratе Bay, MiniNova и др. торент сајтови) само денови, понекогаш и часови, откако Microsoft одржи прес конференција и подели неколку копии од алфа верзијата на софтверот.
{mosimage}
Vista Service pack 1 во 2007 година им била дадена на само поканети тестери и за неколку дена била на торент сајтовите. Во Фебруари годинава финалната верзија на Vista SP1 се најде на пиратските сајтови недели пред воопшто да им биде дадена наградбата (update) на корисниците кои платиле за неа. Истото се случи и со Windows XP SP3 кој се најде на битторент сајтовите недели пред да се објави официјално.
Но од друга страна најдобриот фидбек за продуктот се добива од корисниците не од критичарите, па така Microsoft ќе знае што луѓето сакаат и ќе поправи, закрпи, додаде пред официјалната бета верзија на Windows 7, чие тестирање ќе започне на почетокот на 2009 година.