{mosimage}Американската комисија за безбедност на потрошувачите, пред неколку дена објави дека производителите на компјутери повлекуваат 100.000 лаптоп батерии произведени од Sony, како резултат на 40 пријави за прекумерно загревање на истите. Sony исто така повлече од продажба скоро 10 милиони различни модели на батерии во 2006 и 2007.
Самоиницијативното повлекување од продажба се однесува на одредени Sony 2.15Ah Lithium-Ion ќелиски батерии произведени во Јапонија и продадени низ цел свет, кои се вградени во лаптопи произведени од Hewlett-Packard, Dell и Toshiba.
Според Sony, во некои од инцицентите имало и појава на чад и пламен. Во 21 од пријавите, пријавени се мали оштетувања, а запалување било пријавено во четири случаи.
Sony вината ја лоцира во два фактори: измените на нивната производна линија во периодот од Октомври 2004 до Јуни 2005, кои можеби влијаеа на квалитетот на ќелиите во одредени производни процеси; и можен пропуст во металната обвивка на електродите.
{mosimage}
Од компанијата велат дека не се добиени пријави за батерии произведени после 2006, и додаваат дека повлечените делови се само еден мал дел од повеќе од 260-те милиони батерии кои ги имаат испорачано во текот на шест години.
Овој случај отвара можност за споредба со повлекувањето на 10 милиони различни модели на Sony батерии во 2006 и 2007, кое ги погоди скоро сите главни производители на компјутери, вклучувајќи го и Apple.
Во вкупната бројка на проблематични лаптопи, количината од 35.000 погодени компјутери во САД биле продадени од HP во периодот меѓу Декември 2004 и Јуни 2006, вклучувајќи ги моделите HP Pavilion, HP Compaq и Compaq Presario.
Некои модели на Dell Latitude и Inspiron кои биле испорачани во периодот меѓу Ноември 2004 и Ноември 2005 се исто така опфатени со ова повлекување, како и неколку модели на Toshiba Satellite и Tecra лаптопи, продадени од Април 2005 до Октомври 2005.
Останатите 65.000 батерии кај кои е констатиран пропуст биле продадени надвор од САД. Батериите кои се дел од лаптопите како и одделните батерии биле продадени директно од компјутерските производители, ИТ продавниците како и од онлајн продавачи, а не од Sony.
Од Sony велат дека нивните лаптопи Vaio не ги користат батериите за кои станува збор во случајов. Како и да е,минатиот месец компанијата повлече 440.000 Vaio лаптопи, поради пропуст во поврзувањето на жиците кој може да доведе до прегревање.
Од Комисијата за безбедност велат дека корисниците на лаптопите треба веднаш да ги извадат батериите и да ги контактираат производителите за да побараат нивна замена. Повеќе детали, како што се моделот на лаптопите и информации за контакт за Dell, HP и Toshiba, има поставено на веб страницата на Комисијата за безбедност на потрошувачите.
Еден ден после објавувањето на оваа информација, на листата за повлекување, додадени се и неколку модели на Li-ion батерии користени на Acer лаптопи.






