Windows 10 ќе се поврзува со сите можни уреди; Cortana доаѓа на Android и iOS

Новиот Windows е направен да се конектира со сите уреди, без разлика дали станува збор за постар телевизор, три години стар печатач, телефон, таблет компјутер. Microsoft се обврзува дека истото искуство ќе го пренесе и до корисниците на iOS и Android телефони, кога ќе ги приклучат своите уреди на Windows 10 PC.

„Во Microsoft сакаме сите да го сакаат не само својот Windows 10 PC туку сите уреди кои ги поседуваат, кој ќе можат да работа со Windows 10 PC… Со денешната објава покажуваме дека сме сериозни да обезбедиме Windows 10 да работи со сите уреди кои ги поседувате. Ниту еден друг оперативен систем не го овозможува ова“, вели Џо Белфиоре од Microsoft.

Посредник во ова е Phone Companion апликацијата за која компанијата најавува дека ќе овозможи поврзување на секој телефон со компјутерот, без разлика дали станува збор за Windows Phone, Android или iOS. По приклучувањето на телефонот Android и iOS корисниците ќе треба да инсталираат потребен софтвер/апликации на телефонот, по што корисничкото искуство ќе биде исто за сите, вели Microsoft во блог пост. OneDrive, OneNote и Office пакетот се дел од софтверот кој ќе има најголем бенефит од Phone Companion, така фотографиите и музиката од OneDrive ќе биде достапна на било кој телефон, а слична ќе биде и ситуацијата со пораките од OneNote и документите од Office пакетот. Конечно по долгата најава дојде и официјална потврда од Microsoft дека Cortana ќе биде достапна на iOS и Android, а апликацијата ќе биде додаток на Cortana за PC. Phone Companion ќе се користи и за инсталирање на Cortana од Google Play и App Store.

Сите кои сакаат нешто порано да ја испробаат Phone Companion ќе можат тоа да го направат за неколку недели кога ќе биде достапна на Windows Insider.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments