Samunsg има откачен патент со кој Android телефон ќе се претвара во Windows лаптоп

Samsung не се откажува од хибридните таблет/лаптоп компјутери, што се открива во новиот патент за Windows лаптоп во комбинација со Android телефон.

Уреди со два оперативни системи не се новитет, па има повеќе Android таблет компјутери кои се хибрид со Windows лаптоп; дури и можноста за телефон кој би „напојувал“ таблет компјутер не е новитет. Сепак комбинацијата на телефон и лаптоп е поголем проблем, уште повеќе доколку телефонот се користи како единствен уред за процесирање.

Патентот покажува дека телефон или помал таблет компјутер ќе се користи заедно со оснва на која ќе биде сместен екранот, тастатура и можеби тачпад, иако можноста на телефон со екран на допир е веројатно подобро решение. Дополнително телефонот ќе може да се користи и како помошен екран, а Samsung смета дека телефонот ќе може да продолжи да да работи под Android, додека истовремено ќе го вклучи Windows-от на лаптопот. Искуството кое корисниците ќе го имаат со процесор за паметен телефон кој ќе оперира со два оперативни системи, барем во монетов изгледа страшно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk