По интернет неутралноста, исмејување на NSA, прислушкувањето и интервјуто со Едвард Сноуден, на ред кај комичарот Џон Оливер дојдоа и патент троловите. Во новата епизода на Last Week Tonight водителот на популарното шоу на HBO на едноставен и разбирлив начин објаснува што се патент тролови и кои се најголемите проблеми кои доаѓаат поради нив. Најверојатно најголем проблем е што за патентите за софтвер е дозволено да бидат толку широки и нејасни што подоцна овозможуваат барања за иновации кои не биле ниту замислени со првичната идеја.
„Ако троловите можат да добијат прилично неразбирлив и нејасен патент за софтвер ќе можат да бараат авоторски права за било што. На пример доколку на некого, пред неколку години, му текнеше да патентира – компјутерска работа која никогаш не функционира, сега ќе беа богати благодарение на FaceTime.“