Од вчера e достапна бесплатната надградба на Windows 10 во 190 држави, вклучувајќи ја и Македонија, и веќе пристигаат првите коментари и реакции од корисниците. „Windows 10 е најдобрата везија на Windows досега – кога се ќе функционира. Во оваа форма оперативниот систем сè уште не изгледа довршен и би почекал неколку недели пред да се префралм на него“, вели Питер Брајт од Ars Technica.
За разлика од претходната верзија Windows 8, која имаше неуспешен обид да биде mobile-first, Windows 10 е наменет првин за десктоп. На радост на голем број на корисници вратено е Start менито, но доколку очекувате XP или Windows 7 мени, нема да го најдете на Windows 10. Новото Start мени на компјутери со тастатура и глувче отвора мени кое повеќе или помалку наликува на Windows 7, но со поинаков распоред. Во Start менито има простор за 500 апликации за секој корисник кој го користи компјутерот, но како се додаваат нови програми може да дел од програмите да „исчезнат“ од менито. За жал, во моментот не функционира пребарувањето преку име, што според Microsoft, ќе биде закрпено во следните недели.
„Новиот дизајн расипува дел од функционалностите кои беа овозможени со Windows 8.1, старт менито на оваа верзија е опслужувано од самото мени и можно е администраторот да стандарден сет на апликации на системите кои ги користат. Администраторите може да крераат листа од бизнис апликации на пример, ова не може да се направи во Windows 10“.
Live Tile делот како и досега наликува на неколку екрани на Windows Phone телефони, наредени еден до друг. Екранот е речиси непроменет со надградбата, иако корисниците ќе можат да забележат нови анимации и големини на активните полиња. Значително е подобрена и Aero Snap функционалноста, па сега наместо само на половина екран отворените прозорци со нивно поставување во аголот, можат да се постават автоматски и на четвртина екран. Доколку еден од прозорците е поставен на левата или десната страна, останатите отворени прозорци се подредуваат во слободниот простор. Дополнително Aero Snap има поддршка за повеќе монитори.
Слично како и на платформите на Apple, и Microsoft нуди функционалност со која корисниците ќе започнат да користат апликација на еден уред, а може да продолжат да ја користитат на некој друг уред. Windows 10 е креиран со предвид за таблетите и телефоните поденакво како и за десктоп компјутерите. Windows 10 има два мода на интерфејс – апликации во прозорец и таблет мод со апликации отворени на целиот екран. Модот на работа зависи од тоа дали се присутни глувче и тастатура или екран на допир и се одредува автоматски за хибридните уреди како Surface.
Новитет е присуството на говорниот асистент Cortana која сега е интегрирана и во Windows 10 за десктоп. Апликациите можат да се стартуваат со гласовни команди, а со подлабока интеграција може да се издаваат компанди и за самите апликации. Останатите функционалности се слични како за телефоните, од проверки во календарот, поштата и телефонските разговори, па се до следење на интерсите на корисниците и избор на содржини од интернет кои би можеле да го заинтересираат.
Еден од новитетите кои ќе го одбележи излегувањето на Windows 10 e „пензионирањето“ на Internet Explorer и негова замена со нов прeлистувач Edge. Прелистувачот е базиран на енџинот на Internet Explorer, но отстранети се ActiveX и VBScript. Според бенчмарк тестовите на Anandtech, Edge за разлика од Internet Explorer е конкурентен со Chrome и Firefox. Дури поважно Edge е значително надграден во однос на тест верзијата Project Spartan, а ова е добар знак. Најверојатно најголем недостаток на прелистувачот е недостатокот на екстензии, но најавени се за до крајот на годината. Сепак, претпоставките се дека Chrome ќе остане доминантниот прелистувач бидејќи по долгите години со IE ретко кој може сериозно да го сфати Microsoft кога се во прашање прелистувачите.
Тоа што е за пофалба се минималните побарувања кои ги има Windows 10, процесор на 1GHz, 1GB RAM или 2GB за 64-битна верзија и 20 GB слободен простор, со исклучок на слободниот простор најголем дел од компoнентите кои го поддржуваат оперативниот систем се присутни и на телефоните. По преземањето надградбата на Windows 10 е завршена од 20 до 60 минути, вели Wired. Според податоците од Microsoft, или барем нивното толкување бесплатната надградба компанијата ќе ја нуди една година, а потоа корисниците ќе треба да си купат верзија на Windows 10.