Amazon има план за безбеден авиосообраќај за дронови

во Свет

Најголемата светска продавница Amazon која од неодамна го надмина Walmart по заработката и со тоа стана најгоелм продавач во светот, излезе со детали за планот за достава со помош на беспилотни летала. Планот на Amazon е креирање на супер авиоавтопат на висина од 60 метри на која ќе се движат дроновите кои ќе комуницираат со останатите летала и ќе можат да ги избегнат. За остварување на планот на Amazon потребна е замена на сегашниот систем за контрола на авиo-сообраќај со следна генерација, новиот систем че овозможува комуникација помеѓу сите летала, а за него ќе мора да биде креирана рамка и сет на технички стандарди кои ќе мора да бидат исполнети, но новиот систем ќе мора да може да набљудува илјадници па дури и десетици илјади летала во реално време.

Системот кој го предлага Amazon не е единствен и е сличен со системите кои ги предлагаат NASA и Google. Идејата е поделба на сообраќајот според висината – до 60 метри за бавен сообраќај од 60 до 120 метри за брз сообраќај за подалечен превоз, а висината од 120 до 150 метри ќе биде зона без летови. Висините над 15 метри се во контрола на американската Федерална агенција за авиоообраќај.

Со овој план Amazon се обидува да ја одбегне регистрацијата на дроновите како воздухоплови и да овозможи достава без да биде креирано дополнително законско решение. Со предлогот на Amazon сите ќе можат да управуваат со летала доколки имаат опрема. Хобистите ќе бидат ограничени на висина до 60 метри, а за транспорт може да се користат висините над оваа, вели Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk