0 коментари 2 мин. читање 14 март, 2019

Windows 10 автоматски ќе отстранува проблематични надградби

Надградба на Windows 10 ќе овозможи оперативниот систем сам да се поправи. Ако компјутерот наиде на Windows проблеми и „automatic recovery“ не успее да ги реши проблемите, оперативниот систем самиот ќе ги отстрани надградбите кои го предизвикуваат проблемот.

Ако компјутерот заглави на стартап поради проблеми со несоодветни надградби Windows 10 автоматски ги отстранува проблемите. По успешното вклучување корисникот ќе добие известување дека за да бидат отстранети проблемите со подигање се отстранети скорeшни надградби. Пораката која корисникот може да ја прочита е: „We removed some recently installed updates to recover your device from a startup failure“.

Дополнително, оперативниот систем ќе забележи и ќе запомни кои надградби го предизвикуваат проблемот. Потоа во следните 30 дена ќе го спречи повторното инсталирање на овие надградби, објаснуваат од Microsoft. Секако по истекот на овие 30 дена оперативниот систем повторно ќе се обиде со инсталација на надградбата. Корисниците кои имаат поголеми технички познавања ќе можат „рачно“ да ја инсталираат надградбата.

Автоматските надградби се корисни за системот да биде безбеден и стабилен, но понекогаш и самите поради некомпатибилност со дел од софтверот се предизвикувач на нестабилност. Секако со бројот на различни производители на хардвер ова не може да биде изненадување.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top