KODI е моќен плеер за мултимедијални содржини, како музика, видеа, и фотографии, на вашиот компјутер, или онлајн. KODI е и програм кој често се споменува во ситуации кога сакате бесплатно да гледате филмови, телевизиски серии, или спортски емитувања.
Како програм, нема ништо нелегално со KODI. Но, можат да се искористат таканаречени non-Kodi додатоци за нелегално впивање на видео содржини. Оние кои не сакаат ни да помислат за запливување во таквите води, би требало, по инсталирање на програмот, да се фокусираат на додатоците кои се проверени од Kodi и кои нема да ви дозволуваат да се наоѓате во етички недоумици за тоа дали да се крши законот или не.
Но, некако се одалечивме од темата. Она што првенствено сакавме да ви кажеме е дека постои нова верзија на KODI и е значително подобра. Копајќи за подобра информираност, откривме дека дека верзијата 18 е, всушност, првото поголемо надополнување во последните две години. Дизајнот на алатката можеби се нема сменето премногу, но бројот од подобрени и нови функции е значително поголем.
Со кодното име Leia, најновата верзија на KODI се перчи со подобра поддршка за Blu-ray дискови и ви дозволува да навлегувате во таквите мениа на ист начин како со DVD плеер. Паралелно со ова, музиката можете да ја сортирате по фолдерите во кои е складирана, а не само по метаподатоците, како име на пејач.
Дополнително, нови можности за DRM, или Digital Rights Management, поплочуваат стаза за осмилување додатоци кои легално и правилно ви овозможуваат да гледате комерцијални содржини. Ваквото нешто се чини првенствено замислено за да ги привлече стримигн гигантите како Netflix и да ги охрабри да објават нивни, официјални add-on-и.
На огромна радост на гејмерите, најновата верзија на KODI се испорачува со вградена поддршка за емулатори на игри, како за Commodore 64, Amstrad CPC, и Nintendo SNES. Сигурни сме дека ваквите емулатори се легални, но стратешки се повлекуваме од дискусијата за тоа дали ист е случајот и со игрите за нив, односно, таканаречените ROM фајлови.
Преземете ја најновата 18.1 верзија од официјалниот сајт, за Windows, iOS, OSX, Android, Linux, или Raspberry Pi.