Wikipedia ќе биде исклучена како протест против SOPA?

во Веб, Свет

Основачот на Wikipedia, Џими Велс, предложи исклучување на сајтовите како знак за протест против Stop Online Piracy Act. SOPA е предлог-закон доставен до американскиот Конгрес кој може сериозно да ја наруши интернет слободата и да се воведе цензура. На овој закон му се спротиставија скоро сите поголеми и помали ИТ компании.

Г. Велс отвори дебата на Wikipedia на англиски јазик за дали да се изгаси сајтот глобално како знак за протест.

„Не ја потценувајте нашата моќ – според моето мислење, тие се преплашени од јавен протест за ова, а ние сме во позиција да го започнеме тоа.“, вели основачот на онлајн енциклопедијата.

Тој вели дека идејата е инспирирана од Wikipedia на италијански јазик, која пред два месеци беше изгасена во протест против контроверзен интернет закон. Според г. Велс, таква (не)активност може да има поголем ефект во САД.

„Италијанскиот парламент се повлече веднаш.“, вели тој. „Моето мислење е дека штрајкот на заедницата беше многу моќен и успешен во Италија, и би можел да биде уште помоќен во овој случај.“

Контроверзниот американски предлог-закон SOPA има за цел да ја спречи пиратеријата и прекршување на авторските права, но проблемот со нив е што им дозволуваат на властите и приватните компании да имаат моќ да изгасат цели сајтови дури и доколку тој сајт има и легална содржина. Дополнително секој хостинг провајдер ќе биде задолжен да внимава и да контролира каква содржина се хостира на серверите или ќе биде строго казнет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk