0 коментари 2 мин. читање

Со новиот Soluto сега може да станете ИТ поддршка за пријателите

„Анти-стрес“ сервисот Soluto, сервис кој овозможува полесно бутирање и одржување на Windows, сега претстави и втора верзија. Новинaтa е што сега може да додадете пријател(и) да ви помогне со проблемите околу компјутерот. Ова може да биде корисно за сите ИТ професионалци кои сакаат да им помогнат на своите пријатели, најблиската фамилија или пак на бизнис клиентите.

Soluto е наградуван сервис кој го надгледува вашиот компјутер, односно собира информации за инсталирани апликации и нивни срушувања и ги споредува со дата база на бројни податоци. Кога ќе се случи срушување на софтвер Soluto ќе ви прикаже како другите корисници се справиле со проблемот, ќе ви објасни што е проблемот со кратка информација за софтверот и ќе се обиде да ви најде решение.

Слично се случува кога сакате да го забрзате стартувањето на Windows и да ги тргнете непотребните програми. Soluto ќе ви сугерира дали другите корисници ги тргнале програмите, дали е безбедно да се тргнат и што прават тие всушност како Start апликации.

Проблемот со Soluto е што до сега за поголем број проблеми на кои сум наишол Soluto не може да ми даде конкретно решение. Сега со новата верзија ќе можам многу полесно да се поврзам со некој експерт за Windows кој јасно ќе ги види сите информации поврзани со срушувањето на оперативниот систем и ќе ми предложи конретно решение. Предноста е што може да се поврзете со пријател кому ќе му верувате многу повеќе отколку на случајно одберена статистика која ја претставува масата на корисници.

Моментално втората верзија на Soluto e во бета фаза, може да се регистрирате со активациски код позајмен од ZdNet.

Soluto – Anti Frustration Software from Soluto on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top