Хакерите сакаат да си го нахранат егото и затоа им е интересно да имаат контрола врз системите на градовите, вели заменик-директорот на американското Федерално биро за истрага (FBI), Мајкл Велч, на неодамнешна безбедносна конференција во Лондон.
Според него, имало три напади врз три системи кои водат со градовите. Тој не наведе кои се тие напади и за кои градови станува збор. Хакерите ги напаѓаат Системите за надзорна контрола и собирање податотоци (на англ. SCADA) со цел да проверат дали има пропусти во системот и да си поиграат.
„Нападите беа вид играње со законот и со администрацијата на локалниот град, кои велеа ‘тука сум, што ќе направите околу тоа”. Тоа беше его трип за хакерот бидејќи тој ја имаше контролата врз системите на градот, и можеше да ја исфрли канализацијата во езерото, можеше да ја исгаси електричната енергија за трговскиот центар – можеше да направи разни работи.“, вели г. Велч кој очекува сајбер дивизијата на FBI наскоро да добие поголем буџет и двојно повеќе персонал за да ги спречи нападите.
Лошата безбедност останува една од главните причини за пробивање на овие системи. Неодамна хакер со име pr0f тврдеше дека влегол во контролниот систем за водовод во град во Тексас. Тој велеше дека системот бил заштитен само со лозинка од три-знаци која воопшто не било тешко да се пробие.
Нека учат малку од нас.
Ние немаме такви проблеми.
Кај нас се е механички :)
Ручно си е ручно бе брат…