2 коментари 1 мин. читање

WhatsApp има над 800 милиони корисници секој месец, ита кон милијардата

Над 800 милиони корисници секој месец го користат WhatsApp доколку темпото со кое корисниците се приклучуват продолжи очекувањата се дека до крајот на 2015 година, бројот на активни корисници на платформата ќе надмине милијарда.

Објавата дојде на Facebook профилот на Јан Коум, директор и коосновач на WhatsApp, а во неа г. Коум потсети дека бројот на регистрирани корисници е поголем. WhatsApp од минатата година е во сопственост на Facebook, платен со неверојатни 12 милијарди долари, а и втората апликација на друштвената мрежа за текст пораки, Facebook Messenger надминува 600 милиони корисници.

WhatsApp – now serving 800,000,000 monthly active users. Reminder for the press out there: active and registered users are not the same thing :)

Posted by Jan Koum on Friday, April 17, 2015

WhatsApp и неколку слични апликации како Viber или Line, овозможуваат испраќање пораки помеѓу корисниците без притоа да треба да се плати за плаќање SMS пораки и со својата популарност покажуваат дека времето на СМС пораки е веќе завршено. За да можат нивните корисници да испраќаат пораки кога сакаат и од каде сакаат сервисот изработи и веб апликација, која овозможува праќање на пораки преку веб-клиент. WhatsApp има многу повеќе корисници од конкуренцијата, иако апликацијта е една од ретките која нема бесплатна верзија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top