0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2015

Малите можат да учат програмирање преку игра

Code Kingdoms е едукативна видеоигра/апликација која е наменета за најмладите и покрај забавата има за цел, да им помогне на децата да научат да програмираат во JavaScript низ забава. За жал играта е на англиски јазик, но за македонските програмерчиња тоа може да биде корисно да го научат јазикот, или барем техничките термини кои дефинитивно ќе треба да ги знаат подоцна.

Играта е наменета за деца над 13 години и станува збор за игра со логички загатки, со тоа што решенијата овојпат се делови од код. Во почетокот (првите нивоа) играчите имаат достапни делови на код, но понатаму ќе треба самите да го напишат. Делови од игрите потсетуваат на постарите игри со логички загатки, а дел се „tower defence“ во кој играчот треба да смисли и испрограмира загатки за да се одбрани од гличовите кои напаѓаат.

Освен JavaScript децата ќе ги научат основите на програмирање, но ќе научат и потребни вештини за решавање на проблемите со кои можат да се сретнат во иднина. Во Велика Британија веќе е достапна верзија на Code Kingdoms за училиштата, за сега нема најава дека оваа верзија ќе биде достапна надвор од Британија, иако не е исклучено.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top