0 коментари 1 мин. читање 24 август, 2017

Western Digital претстави 20TB екстерен хардиск

Новата серија на My Books Duo екстерни дискови Western Digital доаѓа со верзија од 20TB.

Новиот хард-диск е направен од два побавни Western Digital Red дискови. Капацитетот на секој од дисковите е 10 TB и брзина од 7.200 RPM. Во RAID 0 брзината на читање е 360 MB/s преку USB 3.1, вели Tom’s Hardware. Дополнително, конфигурацијата може да работи и во RAID 1 со тоа што очекувано, капацитетот ќе се намали на половина, односно 10 TB. Податоците на дискот се заштитени со лозинка и 256-битна AES енкрипција.

Заедно со рекордниот 20 ТB диск, компанијата претстави уште неколку верзии. Ако 20 TB се премногу, Western Digital нуди и 4, 6, 8, 12 и 16 TB модели.  Дискот не само што може да се поврзе на компјутер, може да се поврзе и на други преносни уреди, како камери.

Цената на дисковите е од 260 долари за 4 TB модел, до 800 долари за 20 TB верзија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top