0 коментари 2 мин. читање 17 август, 2012

Webfest.me 2012 е најголемата регионална интернет конференција

WebFest.me е една најголемата интернет конференција на нашите простори. Конференцијата ќе се одржи на 20 и 21 септември, а покрај стандардните конференциски денови на кои ќе настапат доста познати говорници, ќе се избира и најдобар регионален стартап.

На говорницата ќе излезат Иван Миниќ, основачот на најголемиот форум на балканот – burek.com, Рајан Фрејтас – ко-основачот на about.me, основачот на under.me (Дејвид Балсар) и Newscurve (Борис Крстовиќ). Свое учество ќе земаат и младиот Брајан Вонг – основач на kiip.me, Иван Брезак Бркан – основачот на Нетокрација, како и Жозе Фонтанхас – основач на португалската WordPress заедница и голем придонесувач во развојот на WordPress.

Исто така, на веќе споменатите личности ќе им се придружат и три претставнички од понежниот пол. Се работи за Хајди Херман – ко-основач на GeekGirlMeetup, Рут Бур – директор во SEOmoz и Лизабет Мек Дебор – Директор во Sedo GmbH.

Во моментот цената за котизација е 199 евра, додека за студентите има ексклузивна понуда од 20 евра. Исто така, за студентите има и специјален пакет, кој покрај котизацијата вклучува и превоз и сместување, а чини само 109 евра.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top