Vip започнува со интензивни технички подготовки на долгоочекуваната 3G мрежа. Во соопштението се вели дека „се очекува кон крајот на месецот да бидат покриени сите делови од земјата, со што значително ќе се подобри обемот и квалитетот на услугите за корисниците“.
Ова сигурно ќе им се допадне на 600.000-те илјади корисници на Vip чија најголема критика кон операторот беше што немаат солиден интернет, додека другите два оператори нудеа пакети со кои можеше да се сурфа брзо и поефтино.
„Vip оператор однапред им благодари на корисниците за разбирањето за евентуални помали локализирани потешкотии при комуникацијата во текот на овој период на технички подготовки за пуштање на 3G,“, вели операторот.
Во меѓувреме АЕК го oбјави тендерот за 4G за кој се заинтересирани сите три македонски оператори. Останува да видиме што ќе се случи со новата генерација на комуникациски стандарди кои ќе обезбеди десет пати побрз интернет од 3G со можност за стримање на видео со висока дефиниција.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.