Waze и Ford најавија нова мобилна апликација за навигација

во Вести

Денес во Барселона, на светскиот конгрес на телефони, Ford најави дека апликацијата за навигација и сообраќај, Waze, од април ќе биде достапна за сите сопственици на Ford возилата.

Waze е апликација за навигација базирана на заедница, помагајќи им на возачите ширум светот да го надмудрат сообраќајот. Соработка меѓу Waze и Ford ќе им овозможи на корисниците на iPhone да ја проектираат апликацијата Waze од нивниот паметен телефон на големиот екран во автомобилот.

Ford инаку веќе ја нуди мобилната апликација за навигација Sygic преку AppLink платформата и SYNC 3 навигацискиот систем со FordPass Live Traffic. Платформата SYNC AppLink на Ford им овозможува на возачите да ги користат поврзаните апликации од нивниот паметен телефон на интегрираниот екран во автомобилот преку напредни контроли управувани со гласот или со пак воланот.

„Знаеме дека луѓето уживаат во голем број апликации за навигација кои им помагаат безбедно и поефикасно да стигнат до својата дестинација, па работевме заедно со нашите партнери да им го овозможиме тоа на што поголем број луѓе“, рече Дон Батлер, извршен директор на Connected Vehicle and Services. „Со платформата SYNC 3 AppLink, возачите можат безбедно и беспрекорно да пристапат до нивните омилени апликации, без притоа да го тргнат погледот од патот или рацете од воланот“, додаде тој.

Дополнително, Ford најави дека на нивните возачи ќе им биде достапна и мобилната апликација од аудио подкастот Acast. Ова овозможува офлајн преземања и интелигентни препораки за подкаст кој најдобро би се вклопил во патувањето, врз основа на анализа на моторот и должината на патувањето. Acast инаку беше еден од победниците на AppLink предизвикот “Make it Driveable” на Ford во 2017 во Париз – настан кој ги поттикнува на компаниите да развијат идеи кои го прават патувањето подобро.

Покрај ова, Ford потврди дека преку AppLink наскоро ќе бидат достапни и апликациите BPme (пронаоѓање бензински станици и плаќање од автомобил), Radioplayer (за поврзување со омилените радио станици и подкасти) и Cisco WebEx (за безбедно приклучување на бизнис состаноци во движење).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments