Пристигнаа новите Samsung Galaxy S9 и S9+

во feature, Мобилни

По бројни шпекулации, Samsung конечно ги претстави новите Galaxy паметни телефони, S9 и S9+.

Според податоците, телефоните овозможуваат збогатено музичко искуство со моќни стерео звучници поставени со помош на AKG, извонреден звук со Dolby Atmos и редефиниран бесконечен екран од раб до раб. S9 и S9+ доаѓат со новата „SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките IoT услуги на Samsung во едно единствено, паметно искуство.

“Начинот на кој ги користиме нашите паметни уреди се промени со еволуцијата на комуникацијата и на самоизразувањето. Со Галакси С9 и С9+ ја имагинативно ја реинтерпретиравме камерата кај нашите паметни телефони. Не само што Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да ги креираат најдобрите фотографии и видеа насекаде, туку и станува збор за паметни телефони кои се дизајнирани да им помогнат да се поврзат со останатите и да се изразат на начин кој е единствен за нив, оставајќи свој личен печат.“ – изјави ДЈ Кох, Претседател и Менаџер на Сектор за ИТ и Мобилна Комуникација на Samsung.

Што да очекувате?

Редизајнирана Камера

Со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија која може да комбинира до 12 фрејмови во една снимка со навистина висок квалитет на фотографија. Карактеристиките на Galaxy S9 и S9+ камерата вклучуваат:

  • Super Slow-mo: Успорен видео запис кој снима 960 фрејмови во секунда. Galaxy S9 и S9+ исто така овозможуваат и автоматско детектирање на движење – карактеристика која детектира движење во фрејмот и автоматски започнува да снима. По снимањето на “Super Slow-mo“ видео, корисниците може да одберат музичка позадина од 35 различни опции или пак да додадат тон од нивната омилена плејлиста. Исто така, корисниците може да креираат, едитираат и споделуваат .GIF датотеки.
  • Камера за снимање при услови на слаба осветленост: Слично на начинот на кој што ирисот на човечкото око се проширува и контрахира, двојната бленда на Samsung (F1.5 / F2.4) автоматски пропушта повеќе светлина кога е темно и помалку светлина кога е премногу светло, креирајќи фотографии кои се појасни и чисти.
  • AR Emoji: По Apple и Samsung им овозможува на корисниците да креираат “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како нив. Пиктографите за изменета реалност користат алгоритам за машинско учење кое се темели на податоци кои ја анализираат 2D фотографијата од корисникот и исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација.

  • Бигзби: Интелигентната платформа на Samsung, интегрирана во камерата, користи изменета реалност и технологии за длабинско учење за да овозможи корисни информации за опкружувањето на корисниците. Корисниците и може да преведуваат странски јазици и валути во реално време преку “Live Translation“.

Редизајнирана забава

Со стерео звучници кои се поставени со помош на АКГ, би требало да им овозможат на корисниците звуци кои се јасни, чисти и високо квалитетни. S9 и S9+ исто така поддржуваат Долби Атмос, овозможувајќи ефект на звук од 360 степени.

Со Super AMOLED бесконечниот екран со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците ќе можат да го користат уредот и на директна сончева светлина.

Smart Things апликација

Апликацијата “SmartThings“ ќе биде претставена заедно со S9 и S9+, и ќе поврзува и други Samsung уреди како и уреди кои не се дел од Samsung семејството.

Со “DeX Pad“, новиот докинг систем, корисниците можат лесно да ги поврзат S9 и S9+ со поголем екран, тастатура и глувче за да го прошират мобилното искуство со подобрено уредување на документи или дури и игри со целосен екран. Корисниците исто така може да ги трансформираат S9 и S9+ во Touch Pad со DeX Pad.

Уредите сега поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со MicroSD картичка и се опремени со апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.

Galaxy уредите се заштитени со “Knox 3.1“, безбедносната одбранбена платформа на Самсунг. Новите S9 и S9+ поддржуваат три различни биометриски опции за автентификација – ирисот на окото, отпечатокот на прстот и фацијално распознавање.

Паметните телефони ќе бидат достапни во Македонија од 16 март. Уредите ќе бидат достапни во полноќно црна, корално сина и пурпурно виолетова.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments