0 коментари 1 мин. читање 27 ноември, 2014

WaterColorBot е принтер за уметници кој што користи водени боици

WaterColorBot е принтер за уметници од Evil Mad Scientist, направен во соработка со Super Awesome Sylvia. Наместо стандардното принтање, WaterColerBot користи палета водени бои и четка со кои ги „слика“ копиите. Покрај четката и водените бои, новата верзија WaterColorBot 2.0 овозможува замена на четкичката со молив, рапитограф или нешто слично.

Принтерот е дело на Силвија Тод, а идејата е да биде „направи сам“ едукативен робот за запознавање на децата. WaterColorBotе креиран да може да користи стандардни бои, четкички и хартија, па корисниците никогаш нема да останат без потребниот потрошен материјал. WaterColorBot е финансиран со помош на Kickstarter проект, и ќе започне да се продава од следната недела. Цената е околу 290 долари.

[youtube]RCL1S82R75w[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top