0 коментари 2 мин. читање 27 ноември, 2014

Слатките човечиња на Ooshies сега се достапни за гушкање

Ooshies, новата македонска апликација со слатки човечиња кои ве гушкаат, сега е достапна на Google Play. Апликацијата е всушност анимирана позадина на која може да си одберете слатко слонче, мече или слатка желка, кои откако ќе ги кликнете или ве гушкаат или прават некоја интересна анимација. Уште за време на тестирањето доби позитивни оценки бидејќи е неверојатно слатка, вели Иван Медо Димоски, еден од креаторите на Ooshies.

Како што кажа Иван претходно, Ooshies ќе биде со freemeium модел, односно дел од човечињата ќе бидат бесплатни, некои ќе се отклучуваат со игри или друштвено споделување, додека за други ќе се плаќа. Идејата е првин апликацијата да биде вирална, и тоа засега оди добро бидејќи сите им се радуваат на слатките карактери, дизајнирани од Верица Пиперовска. Третиот член на тимот за Ooshies е Java програмерот, Душко Јовановски.

Ooshies ја рецензиравме и на #ИТН, подкаст за информатика, технологија и наука, на IT.com.mk и Радио МОФ. Рецензијата на Ooshies почнува од 11-та минута.

ITN Podcast E3 by Radio Mof on Mixcloud

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top