{mosimage} Минатата недела Facebook стартуваше нов дизајн, воведувајќи ги „News Feed" и „Live Feed" oпциите кои требаа да го направат профилот подинамичен со повеќе информации. Но, на корисниците тие промените не им се допаднаа. Затоа се организираа на најдобар можен начин – отворија Facebook групи против новиот дизајн на друштвената мрежа.
„PLEASE GIVE US OUR OLD NEWS FEED BACK!“ групата секој ден има се поголем број членови – моментално има над 530.000 членa, a вчера вeчер, можеби пред десетинa часа, групата имаше околу 470.000 члена.
{mosimage}
Постои и македонска група против новиот дизајн на Facebook. „Не ми се свига новиот Фејсбук.. Вратете ни го назад стариот“ групата има околу 30.000 члена и постојано се зачленуваат нови.
{mosimage}
Претходно Facebook откажа нов дизајн поради огромното незадоволство на корисниците. Дали и овој пат ќе се врати на стариот дизајн, зависи од моќта на корисниците.
*кажете ни го вашето мислење за новиот дизајн на Facebook Можете да постирате на форумот, веќе има отворена тема „Facebook со нови промени“, или moжете да ни пишете подолу во коментарите.






