{mosimage}Mобилниот оператор Vip ја претстави новата услуга наречена Vip Communicator. Овој VoIP (Voice-Over-IP) софтверски клиент за комуникации овозможува бесплатни аудио и видео повици на глобално ниво, мултифункционален адресар, испраќање СМС и инстант пораки…
"И преку оваа понуда ние јасно покажуваме дека задоволувањето на потребите на корисниците, преку постојани иновации, е наша основна движечка филозофија" – изјави Ханес Аметсраитер, извршниот директор на Телеком Австрија Групацијата во која припаѓа и третиот македонски мобилен оператор Vip.
Идејата зад Vip Communicator е да се намалат трошоците, особено на бизнис корисниците, и да се обединат телефонските трошоци во една сметка.
{mosimage}
Она што овој клиент го нуди е:
- Бесплатен разговор помеѓу PC и PC
- Бесплатни разговори во мрежата на Vip
- Бесплатни видео повици
- Бесплатни инстант пораки
- Повици и СМС пораки кон други мрежи
(дали услугите ќе бидат бесплатни или ќе се наплаќаат зависи од активираниот Смарт тарифен модел) - 50% поефтино јавување на меѓународни броеви
- Зборување во роаминг "исто како дома"
Комуникаторот, кој ќе биде достапен за корисниците од следната недела, ќе се активира со преземање од официјалниот вебсајт на Vip, или пак преку повик кон контакт центарот (077 1234).






