Вратете го вашето USB на фабрички прилагодувања со USB Low-Level Format

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Во денешно време, секој има по неколку USB стикови. Нивното форматирање е исклучително лесно преку самиот оперативен систем. Едноставно го приклучувате стикот, десен клик на него преку My Computer, па format.

Но, дали знаевте дека USB стиковите можат и да се вратат на нивните фабрички прилагодувања, со значително повеќе опции за средување на стикот, нешто што може да биде корисно доколку со години сте менувале некои работи или пак сакате да го исчистите од сите проблематични вируси или документи од чувствителна природа?

За таа цел, USB Low-Level Format е корисна алатка која за брзо време ги враќа во состојба која е идентична на таа кога сте ги купиле. На располагање имате неколку опции кои се нудат од еден универзален интерфејс. Па така, лесно го одбирате системот со фајлови, а можете и да направите бутабилно USB или да префрлите ISO слика која ви се наоѓа на вашиот хард диск. Тука некаде ќе наидете и на девет соодветни алгоритми за безбедносно бришење податоци. Wipe data опцијата ја препорачуваме доколку планирате да го продадете, подарите или фрлите USB стикот.

USB Drive Low-Level Format

USB Low-Level Format функционира на сите Windows оперативни системи, вклучувајќи ја и најновата, 11 верзија. Најновата 5.01 верзија на алатката го подобрува операцијата за форматирање USB стикови со корумпирани или невалидни сектори. Паралелно со ова, дополнително ја подобрува брзината на извршување на операциите.

Во случај да имате проблематично стикче, USB Low-Level Format е алатка која може да му вдахне нов живот. Проверете ја тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments