OpenAI претстави верзија на ChatGPT за деловни клиенти

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

OpenAI, креаторот на најпопуларната вештачка интелигенција во моментов – ChatGPT, претстави деловна верзија на моделот. ChatGPT Enterprise е премиум сервис кој првенствено е наменет за компаниите. OpenAI ќе се обиде да привлече нови клиенти со поголема безбедност и приватност.

Засега нема податоци за висината на претплатата. Наместо ова, компанијата објави дека цената ќе зависи од потребите на секој клиент посебно.

ChatGPT Enterprise покрај зголемената безбедност и приватност доаѓа со побрз и неограничен пристап до GPT-4, поголеми прозорци за подолги влезни податоци, напредна аналитика на податоци, можности за прилагодување, објави Open AI на својот блог.

Новиот сервис е двапати побрз од постоечкиот и ги отстранува сите ограничувања. Дополнително промените овозможуваат и внесување на поголеми влезни податоци или фајлови.

Приватноста и безбедноста се дел од причините поради кои дел од компаниите го избегнуваат ChatGPT. Некои од компаниите одат и чекор понатаму и ги советуваат вработените да не користат вештачка интелигенција за работа. Причина за ова е стравувањето дека податоците ќе бидат неовластено искористени за тренинг на вештачката интелигенција или дека податоците на клиентите ќе протечат. OpenAI веќе објави дека моделот не се тренира на податоците од употребата на клиентите, ниту од начинот на кој клиентите го користат сервисот. Сепак, со оглед на опасноста и штетата од потенцијално протекување на податоците, најголем дел од клиентите се претпазливи.

Ова е прв сервис на OpenAI кој е наменет за деловни корисници, и тоа за најголемите компании. Претходните модели на претплата кои доаѓаа со ChatGPT не беа наменети за компании.

Некои од големите клиенти на OpenAI ќе добијат можност да ja надградат својата претплата и да се здобијат со новите функционалности. Развивачите на ChatGPT објавија дека во периодот кој следи ќе прифаќаат претплати за Enterprise се додека не се пополнат капацитетите во целост.

За во иднина се најавени нови функционалности со кои ChatGPT ќе биде „информиран“ со компаниските податоци и ќе бидат додадени нови понапредни алатки за аналитика. Засега нема можност за претплата на помали тимови, но ова ќе биде додадено во иднина.

Според податоците кои ги сподели OpenAI над 80% од Fortune 500 компаниите веќе ги користат ChatGPT. Со оглед на тоа дека вештачката интелигенција е достапна едвај 9 месеци ова е импресивна бројка. Дел од компаниите кои се јавно објавени се Block, Canva, Carlyle, The Estée Lauder Companies, PwC и Zapier.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments