Vokal е инвентивен видео креатор за подкасти и музика

Во случај да постојано создавате најразлични видео содржини, тогаш Vokal е алатка со која ќе можете да ги преточите аудио изворите во интересна видео форма.

Преку алатката Vokal избирате најразлични визуелни урнеци кои ќе го надополнуваат вашиот аудио извор. Откако ќе изберете некој урнек, ќе можете да ги вметнете вашите аудио клипови, како подкасти, радио емисии, или музика, и да генерирате бранови форми, титлови, преводи и слично. Потоа, така создаденото видео можете да го поставите на соодветните социјални платформи.

На овој начин создавате формат кој изгледа исклучително професионално. Имате целосна контрола при вметнување најразлични слики, видеа, стикери, GIF- ови, текст и слични работи. Таканаречените waveforms кои се генерираат во зависност од вашето аудио можете исто така да ги поставите каде било, а доколку се зборува на аглиски, може да се направи автоматска транскрипција. Потоа, можете дополнително да ја менувате или надополнувате таквата транскрипција.

Паралелно со ова, ќе биде имплементирана и лента која покажува уште колку има до крајот на видеото. Финалните резултати се испорачуваат во најразлични формати кои се прифатени на сите социјални мрежи.

Проверете ја Vokal!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments