Нашата Steam Curator група може да се пофали со 100 рецензии на игри! Во соработка со Focus Entertainment решивме да го одбележиме оваа достигнување така што ќе наградиме три среќни читатели со по еден клуч за нивната најновата игра – Void Crew!

Поставувајќи се како интересен хибрит помеѓу Deep Rock Galactic и Barotrauma, Void Crew успева да се истакне како уникатна co-op sci-fi акциона авантура каде вие и уште тројца пријатели се наоѓате во вселенски брод и со заеднички сили решавате најразлични мисии.
Void Crew излезе вчера, како дел од раниот пристап на Steam
На Void Crew се има работено уште од 2019 година и моментната верзија е доведена во релативно стабилна состојба, со содржителни и напредни гејмплеј механики. Но, многу работи дополнително ќе се рафинираат и надградуваат.За јавноста, играта стана достапна вчера, но наредните девет месеци максимално ќе бидат искористени за воведување дополнителни елементи, како нови оружја, повеќе цели, но и поразнолики опции за уредување и на играчите и на вселенскиот брод.
Во план е да се додадат и нови предизвици, битки со босови, како и дополнително оптимизирање на перформансите.

Дали е Void Crew игра за вас?
Како што напоменавме, доколку сакате малку поразличен спин на механики слични на Deep Rock Galactic, Barotrauma, особено PULSAR: Lost Colony, тогаш ќе се чувствувате како да сте дома со Void Crew. Доколку никогаш не сте ги играле горе-споменатите игри, тогаш се работи за co-op игра од 2 до 4 играчи, каде управувате со брод, истражувате и решавате предизвици од најразлична природа. Подгответе се да излезете на крај со опасни астероидни бури, заканувачки соларни активности, но и бројни грешки кои се како резултат на неискусност. Токму така, скоро сѐ во Void Crew се учи преку правење грешки и од сопствено искуство.
Со оглед на тоа дека комуникација и соработка се од пресудно значење, Void Crew е игра во која најдобро се ужива со пријатели, но, ние бевме пријатно изненадени и при играње неколку сесии со целосни странци. Па така, еден може да управува со вселенски топови, друг да врши итни поправки, трет да полни батерии, а четврт да произведува муниција. Правилно препознавање и справување со приоритетите е од клучна важност, особено доколку не сакате да завршите во мрачната, бескајна празнина.

Во случај да отсекогаш сте сакале да управувате со напреден вселенски број, да соработувате со други луѓе за максимално уништување на непријателски бродови, но и за справување со неочекувани природни опасности кои демнеат во вселената, тогаш, да, Void Crew е апсолутно игра за вас! Сега, сѐ што останува е да дознаете како би можеле да си зграпчите копија!




Повеќе детали за играта
- Произведува: Hutlihut Games
- Издава: Focus Entertainment
- Жанр: FPS, мултиплеер, co-op авантура
- Платформа: Windows
- Излезена на: 7 септември 2023
Како да учествуваш во нашиот Giveaway и да пробаш да добиеш една од три Void Crew игри?

За да учествуваш во нашиот Giveaway, потребно е да ги направиш следниве работи:
- Посетија ја нашата Curator група на Steam така што ќе кликнеш тука!
- Kликни на копчето Follow за да ја следиш нашата група и да си во тек со сите наши рецензии!
- Кликни тука, а потоа на копчето Join Group за да станеш дел од нашата заедница на Steam!
- Очекувај го известувањето за Giveaway-от денеска после 17:00 часот. Доколку нè посетиш подоцна сите известувања можеш да ги видиш од тука!