Vodafone бара ЕУ да престане да ги регулира цените за роаминг; ЕУ вели дека не одговара на закани

во ИТ.ЕУ

Шефот на Vodafone, Виторио Колоао, побара „мораториум на регулациите“ во телекомуникациската индустрија, односно побара од Европската Унија да престане да наметнува намалување на цените бидејќи тоа ќе може да резултира со намалени инвестиции во иднина.

„Дали Европа сака вработувања или Европа сака да ги намали цените? Треба да престанеме да имаме постојани интервенции на цени и да оставиме индустријата да ги инвестира тие пари.“, вели г. Колоао на овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона.

Европските парламентарци во вторник ќе гласаат на нови регулативи кои ќе ги намалат цените за роаминг. Идејата на тие регулативи е да ги мотивираат европјаните послободно да користат телефон додека преминуваат во различни земји-членки, наместо да ги пречекува шок кога ќе ја видат сметката кога ќе дојдат дома. Предложено да се постави лимит на цените според направен повик и според потрошен мегабајт.

Според г. Колао, еден од предизвиците со кои се соочуваат европските оператори е инвестирање во инфраструктура за новaта 4G технологија за која ќе бидат потрошени многу пари. Лани европските оператори забележале намалени приходи поради намалување на цените на повици од фиксните линии кон мобилни мрежи.

„Реалноста е деа имаме рајско сценарио и пеколно сценарио. Пеколното сценарио е дека секоја година ќе губиме стотици милиони на намалени цени и ќе ја намалиме инвестицијата. Инвестицијата значи и вработувања, и не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во медиумите, забавната индустрија и кај развивачите на мобилни апликации.“, вели директорот на Vodafone.

На забелешките на Vodafone, одговори евро-комесарката задолжена за Дигиталната агенда на ЕУ, Нели Крус, која рече дека г. Колао блефира и дека ЕУ нема да одговори на закани.

„Јас сум од страната на корисниците на Vodafone… Ако корисниците го изгубат стравот за користење на паметни телефони и таблет компјутери додека патуваат низ Европа, тогаш тоа ќе им одговара и на операторите.“

Г-ѓа. Крус во својот говор на MWC 2012 во Барселона вели дека мобилната комуникација ќе одигра голема улога во идниниот развој на технологиите и економијата во Европа, па затоа е потребно да се стават корисниците во контрола врз своите веб и мобилни сервиси кои ќе можат да ги користат во било кое време и од било каде.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk