Тelenor ќе овозможи бесплатен мобилен пристап до Wikipedia за 135 милиони корисници во Азија и Европа

0 коментари 1 мин. читање

Норвешката телекомуникациска компанија Telenor и Wikipedia склучија партнерство со кое операторот ќе овозможи бесплатен пристап до онлајн енциклопедијата во Азија и Јужноисточна Европа. Околу 135 милиони корисници ќе можат бесплатно да ја отвараат Wikipedia преку мобилните уреди. Oнлајн енциклопедијата претходно оствари слично партнерство и со друг мобилен оператор Orange за да обезбеди бeсплатен пристап до знаењео на 70 милиони корисници во Средниот Исток и Африка.

„Wikimedia Foundation работи да ги тргне бариерите на бесплатно знаење, и за повеќето луѓе ширум светот сега цената и пристапноста се најголемите пречки.“, вели одговорниот за глобален развој на Wikimedia, Бери Њустед.

Три годишното партнерство меѓу Wikipedia и Telenor, кое ќе започне во вториот квартал од 2012 година, ќе ги вклучи корисниците во пет азиски земји: Тајланд, Малезија, Пакистан, Бангладеш, Индија и две балкански: Црна Гора и Србија.

Корисниците на Telenor ќе можат бесплатно да пристапат до Wikipedia колку пати сакаат во одреден период, се додека остануваат на страните на онлајн енциклопедијата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top