3 коментари 2 мин. читање 29 февруари, 2012

Подгответе се за откривањето на iPad 3

Овој пат гласините беа точни. Apple најави дека ќе одржи настан во март, за време на кој ќе го открие новиот iPad 3. Поканите веќе се пратени и според нив, настанот ќе започне од 10:00 саат, точно една недела од сега, т.е. 7 март, 2012 вo Yerba Buena Center for the Arts во Сан Франциско.

Последните релативно сигурни гласини околу хардверот на iPad отприлика се сочинуваат од тоа дека iPad 3 ќе биде четријадрен уред, ќе има ретина екран, ќе биде малку подебел од iPad 2 и ќе содржи многу подобрен графички процесор. Покрај очекуваните зголемувања на квалитетот на камерата, што сега можеби ќе снима видеа со резолуција од 1080 p, резолуцијата на предната камера исто така може да добие освежување што ќе ви овозможи HD Facetime или Skype комуникации.

Кога веќе сме во територијата на гласините, постојат гласини дека на ова најавување на iPad 3, ќе се најави и подобрена верзија на Apple TV. Исто така мотото на овој настан не информира дека Apple имаат нешто што мора да го видите, и допрете, притоа на промотивната фотографија, Home копчето е зачудувачки отсутно. Дали ова е случај на преголема анализа на детали од промотивниот материјал или Apple директно укажуваат кон пензионирањето на Home копчето?

За точно една недела од сега ќе може да видиме за што се работи.

 

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ване
Ване
14 years ago

одкрие….одприлика….Дамјане бе !

Дац
Дац
14 years ago
Reply to  Ване

Човекот убаво си пишал,правилно е открие ,како и што стои.Е сега може преправил ако претходно било со Д тоа е друга работа.

IT.com.mk
Admin
14 years ago
Reply to  Ване

Поправено е. Tnx Ване. :)

„Кој работи, тој и грешки.“

Мени
Заедница
Изглед
To top