28 коментари 9 мин. читање 28 јуни, 2022

Во Струмица се отвори „крипто“ коктел бар, но коктелите сѐ уште не може да ги плаќате со крипто

Изутринава бевме пријатно изненадени кога во инбоксот ни пристигна ПР соопштение со наслов: “South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија“. Очекувањето од мејлот и од насловот ни беше дека ни претстои соопштение кое издржано ги користи термините крипто и криптовалути – нешто кое на локално тло до сега е вистинска реткост, бидејќи често сме сведоци на неиздржани ставови и промоции на крипто темата кои на крај или не даваат резултати или пак воопшто не се ни ставаат во пракса – а за теорија, може сите да се согласиме дека не недостасува… Мотивирани од насловот, во еден здив го исчитавме соопштението, кое го пренесуваме интегрално:

Одлично, едукација на тема крипто, слики од коктели со илустрирани биткони до нив, коктели со крипто имиња… но, каде е употребата и праксата на темата?

Фотографија испратена со ПР-от на South Side

Сметајќи дека пропуштаме нешто во текстот, спротивно на воспоставената македонска портал-култура да направиме само копи-пејст и да бидеме меѓу првите кои ќе објават вест со ваков сензационален наслов, одлучивме да ги прашаме сопствениците на крипто барот да ни појаснат за тоа дали коктелите во првиот крипто коктел бар во Македонија може да се платат во крипто.

Поразговаравме со Нена Панова, ко-основач и менаџер на компанијата Crypto Dive In која е основач на барот:

Како се одвива процедурата за нарачка на коктел во криптовалута? Како правно-формално го регулирате плаќањето во криптовалути кога истите не се регулирани во државата?

“Во иднина ќе ја имаме и можноста да се плаќа за коктел во криптовалути преку специјален POS терминал. До крајот на годината се надеваме дека ќе ја почнеме процедурата за плаќање на коктели во криптовалути.

Сѐ уште опцијата за плаќање во крипто не е достапна во нашиот коктел бар. Но, затоа, ние се етаблиравме како хаб и место каде што секој кој сака да дознае повеќе за крипто светот може да дојде и да ги добие одговорите што му се потребни. Дополнително, во план е да се организираат обуки, работилници и презентации на крипто проекти за инвестирање.”

South Side коктел бар (фотографија од Facebook страната на South Side)

Дали користите свој софтвер или некоја трета алатка за нарачка или наплата?

Не користиме сопствен софтвер за наплата.

Кои се вашите идни очекувања од криптосветот во блиска (1-3 години), а кои во подалечна (5+ години) иднина?

“Во блиска иднина очекуваме се повеќе луѓе да сфатат дека криптовалутите не се само алтернативен начин на плаќање, туку и иднината на плаќањето. Очекуваме луѓето во земјава се повеќе да бараат ресурси за да се едуцираат за можностите на крипто индустријата.

За 5 години од сега, веруваме дека крипто светот нема да биде повеќе табу тема, туку плаќањето со криптовалути ќе биде неизоставен дел од нашето секојдневие. Очекуваме дека крипто индустријата ќе го достигне својот врв и ќе стане секојдневен начин на плаќање во голем број на држави ширум светот.

Нашиот тим се надева дека во најбрзо време ќе се регулира користењето на криптовалути во земјава. Но, се до тогаш, ние ги едуцираме заинтересираните граѓани за можностите што ги нуди крипто индустријата.”

Добра идеја, меѓутоа лоша реализација со премногу фокус на маркетинг

Локално на пазарот освен тоа што има мајнери/копачи, фигурираат неколку крипто-менувачници (само во центарот на Скопје ги има најмалку три), има индивидуално меѓусебно тргување во одредени неофицијални заедници или преку познаници, реално немаме некои практични и популаризирани примени на криптовалутите од бизнис аспект, кои секако се во план наскоро да бидат регулирани и законски, преку надополнување во Законот за спречување перење пари и финансирање терорирзам, откако со години НБРСМ вешто само полемизира на темата без преземање на никаква конкретна активност додека граѓаните активно купуваат, продаваат и пласираат сериозни средства преку странски берзи.

Идејата зад крипто коктел барот во Струмица може да ја окарактеризираме како одлична иницијатива и прв чекор – особено што станува збор за амбиција за промоција на овие нови технологии, но сепак целиот овој ПР некако делува дека зад амбицијата повеќе е застапена поширока комерцијализација на угостителскиот објект кој btw постои веќе 4 години, и поагресивна маркетинг тактика преку користење на темата, односно правење на коктели кои имаат имиња по криптовалути… Меѓутоа, тоа не е доволно за еден бар да се нарече крипто бар, уште помалку па и првиот, бидејќи крипто бар во кој не можеш да платиш со криптовалути, или ете, да добиеш некој токен или било каква реална употреблива вредност (еве идеја: барем лојалти програма базирана на блокчејн) произнесена од користење на блокчејн технологија во реалноста… не е крипто бар.

Правење на крипто клубови во угостителски објекти во кои ќе се зборува и едуцира за темата, не е нешто сосема ново кај нас, веќе неколку месеци во Скопје се промовира т.н. Крипто клуб во склоп на угостителскиот објект The House – кој всушност е вински ресторан. Иако немаме искуство и реално поконкретни информации за како се спроведува искористувањето на криптовалутите во овој локал, во нивниот опис на Facebook стои:

Во склоп The House Skopje функционира и Crypto House Skopje кое претставува единствено физичко место за поддршка на македонската крипто заедницата. Crypto House Skopje овозможува на членовите на Крипто клубот Скопје и останатите заинтересирани и љубители на blockchain технологијата и крипто индустријата место на социјализација каде можат да разменат знаења, искуства и научат повеќе за технологиите на виртуелните средства, да се запознаат и дружат со македонски и светски познати крипто љубители и трговци-брокери, експерти и крипто милионери, овозможувајќи им подеднакво на сите да се дружат меѓусебе, разменуваат искуства за инвестирањето, трговијата и издавањето на крипто средства.

Иако и тука може да се почуствува претераниот маркетинг преку користење на термини како “единствено физичко место за поддршка на македонската крипто заедница” (реална вистинска крипто заедница нема една, а уште помалку единствена физичка локација), за разлика од струмичкиот коктел бар, скопскиот ресторан промовира и е-ваучер – за кој немаме информации дали се базира на реална употреба на блокчејн технологија (note to self: интервју со Крипто клубот да го појасниме тоа):

еВаучер – крипто токен- – – – – – – – – – -The House Skopje е првиот македонски угостителски објект за кој е издаден вредносен е-ваучер во вид на крипто средство – токен кој може да се користи за сите угостителски услуги од понудата и менито.Користејќи е-ваучер во вид на крипто токен им овозможуваме на гостите на The House Skopje и Crypto House Skopje да ги направат првите чекори и искуства со крипто светот со можност директно да се запознаат со технологиите, електронските паричници и начинот и бенефитите на функционирање на крипто индустријата во пракса.

Во 2022 крипто-„што и да е“, треба реално да искористува технологија

Иако официјално и јавно им го честитаме отворањето и на Крипто клубот на The House Скопје, и на „првиот крипто“ коктел бар во Струмица на South Side, на кои навистина им посакуваме огромен успех во работата, би сакале да појасниме дека нашето разочарување (видно од текстот) е дека како ИТ професионалци и ентузијасти во 2022-ра година, кога има уште еден циклус на падни-стани во криптовалутите, чиј пазар и со овие вредности се брои во милијарди долари, кога веќе дојде време и кај нас да се легализираат криптовалутите, наместо да зборуваме за како некој навистина имплементира блокчејн технологија и ги искористува криптовалутите, треба да прифатиме само пиење на коктели именувани по криптовалути и тоа да го промовираме како голем и значаен чекор.

@South Side коктел бар, ништо лично, меѓутоа за нас како ИТ медиум не е прифатливо тоа и искрено се надеваме дека ќе ни докажете дека грешиме во ова размислување преку реални и конкретни примери во иднина – нека бидат тоа и чести вистинско едукативни работилници од кои можеби утре некој доволно ќе се едуцира да направи и примени барем нешто практично поврзано со криптовалутите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Во 2022 крипто-„што и да е“, треба реално да искористува технологија​

Би, ако имаше некоја корист од технологијата :D.

Кудос за текстов, највеќе за заклучокот :) Крипто стана ко глутен фри што го редат на сол, вода и на други срања што не содржат глутен од мајка.

одговори 8 лајкови

Во 2022 крипто-„што и да е“, треба реално да искористува технологија​

Би, ако имаше некоја корист од технологијата :D.

Кудос за текстов, највеќе за заклучокот :) Крипто стана ко глутен фри што го редат на сол, вода и на други срања што не содржат глутен од мајка.

1656423274085.png

одговори 1 реакција

Крипто бар без плаќање во крипто, подрум без ајвар и жена без...

одговори 7 лајкови

Се очекува коментар од крипто-афиционада со сличен контекст на овој
„Криптото е за луѓе, не за говеда. - Нот Игор Џамбазов„:ROFLMAO:

одговори 2 лајкови

Идеш у крипто кафана со друштво , јадеш пиеш, частеш целА дружина и кога доаѓа време да плаќаш гледаш дека крашнал за 30% надоле криптото и имаш само за една пијачка да платеш.
До г-џа Нена Панова. Јас ако отворам крипто фабрика за тоалет за г`з бришење на чело со Биткоинот, и дали тоа се смета како плаќање со крипто?
НЕ ниту ке биде тоа плаќање со крипто заради тоа што нема тврда основа за тие 6 часа што ке ги поминеш у кафаната се препотуваш и се молеш да не крашне за едно 30% надоле у време на путин што испушта издувни гасови или елон 1 месечно не добива од жена му и истура фрустрации врз крипто светот.

одговори 2 лајкови

Идеш у крипто кафана со друштво , јадеш пиеш, частеш целА дружина и кога доаѓа време да плаќаш гледаш дека крашнал за 30% надоле криптото и имаш само за една пијачка да платеш.
До г-џа Нена Панова. Јас ако отворам крипто фабрика за тоалет за г`з бришење на чело со Биткоинот, и дали тоа се смета како плаќање со крипто?
НЕ ниту ке биде тоа плаќање со крипто заради тоа што нема тврда основа за тие 6 часа што ке ги поминеш у кафаната се препотуваш и се молеш да не крашне за едно 30% надоле у време на путин што испушта издувни гасови или елон 1 месечно не добива од жена му и истура фрустрации врз крипто светот.

Каков негативен став еј, какви црни сценарија, ги изгоре таму етерите на берза, па сеа цацко ти е крив :ROFLMAO:
Ќе си отидеш фино лепо со стејбл коин, па нек иде кај сака берза, ќе си пиеш раат бе.
Сеа факт дека сакаат да промовираат нешто со помош на популарност на криптото, а не се спремни, ама има чаре за крашот да не те тангира додека пиеш

одговори Лајк

Од увек сум сакал кога ќе пијам коктел да платам провизија за трансакцијата повисока од вредноста на коктелот. Бонус, многу поштуем кога ќе платам за коктелот да не можам да си идам дома одма него да седам и чекам да се испроцесира трансферот. Мојата желба изгледа конечно е исполнета! Oh wait, во крипто бар ми бараат фиат?

одговори 1 реакција

Од увек сум сакал кога ќе пијам коктел да платам провизија за трансакцијата повисока од вредноста на коктелот. Бонус, многу поштуем кога ќе платам за коктелот да не можам да си идам дома одма него да седам и чекам да се испроцесира трансферот. Мојата желба изгледа конечно е исполнета! Oh wait, во крипто бар ми бараат фиат?

Многу криптовалути оперираат на мрежи кои немаат никаква или имаат занемарлива провизија и се процесираат за 1 минута, таман додека отидеш до WC откако ќе ја платиш сметката. Делот што се бара Фиат, а се промовира крипто е смешен се согласувам.

одговори Лајк

Многу криптовалути оперираат на мрежи кои немаат никаква или имаат занемарлива провизија и се процесираат за 1 минута, таман додека отидеш до WC откако ќе ја платиш сметката.

На пример кои?

одговори Лајк

На пример кои?

XMR - 0.000045 XMR fee = $0.01
ETC - 0.0001 ETC fee = $0.0015
USDT - Binance Email/Phone/ID 0 Fee

off the top of my head

одговори Лајк

XMR - 0.000045 XMR fee = $0.01
ETC - 0.0001 ETC fee = $0.0015
USDT - Binance Email/Phone/ID 0 Fee

on the top of my head

А ако треба да конвертирам од биткоњ во овие зашто не можам 1000 криптовалути да чувам?

одговори Лајк

А ако треба да конвертирам од биткоњ во овие зашто не можам 1000 криптовалути да чувам?

Конверзиите на менувачници се со смешни вредности како тие погоре, а ако треба да најдеш влакно во јајцето, не реплицирам повеќе :)

одговори Лајк

а ако треба да најдеш влакно во јајцето, не реплицирам повеќе :)

Интересно е шо уште мислите дека разговарате со глупи луѓе што не знаат или не пробале. Ова е исто ко цел живот што ме убедуваат дека грција е поефтино од охрид :)

одговори 1 реакција

Не ја тупете со конверзии и фи-еви, или плаќаш у стејбл коин или во некој коин.
Исто како денес со курсната листа, така и криптото ќе биде регулирано на дневно ниво.
Пример денес пљеска ти е 0.0005 BTC, утре ти е 0.0006 и тн, нема потреба да се замараш дали вредноста денес отишла горе или доле, 0.0005 си се 0.0005 ни повеќе ни помалку.

одговори Лајк

Не ја тупете со конверзии и фи-еви, или плаќаш у стејбл коин или во некој коин.
Исто како денес со курсната листа, така и криптото ќе биде регулирано на дневно ниво.
Пример денес пљеска ти е 0.0005 BTC, утре ти е 0.0006 и тн, нема потреба да се замараш дали вредноста денес отишла горе или доле, 0.0005 си се 0.0005 ни повеќе ни помалку.

Pa kako be regulirano neli free of government, decentraliIrano koj kje mi go regulira sea?!

одговори 2 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
28 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top