0 коментари 2 мин. читање 13 октомври, 2008

Виртуелен Забранет град

{mosimage}Забранетиот Град во Пекинг ќе биде отворен за јавноста и во виртуелниот свет. Проектот "Забранетиот Град: безпросторно и безвременски" е изработен од IBM и Музејот на Кралската палата во Пекинг, Кина. На него е работено 3 години и се потрошени над 3 милиони US долари.

Овој проект ги комбинира Кинеското културно наследство и врвната информатичка технологија – рече директорот на музејот Zheng Xinmiao.

{mosimage}

За да го посетите Забранетиот град, ќе мора да се регистрирате на www.beyondspaceandtime.org и да го симнете клиентот кој тежи 200 МБ. Во овој виртуелен свет ќе може да се види и императорот од Квинг династијата како вежба боречки вештини, стрела или вечера.

При влегувањето во градот, посетителите ќе можат да си изберат еден од девет историски костуми да го облечат својот аватар со кој ќе можат да шетаат, да учествуваат во интеракцијата со поданиците низ градот и да комуницираат со другите посетители.

{mosimage}

{mosimage}

Инаку реалниот Забранет град е изграден во 1420 година со цел да ја демонстрира идејата дека императорот е центар на универзумот. Градот содржи илјадници градини, згради, палати и историски артифакти, а на 10 октомври ја обележа 83-годишнината откако е музеј на Кинеската култура

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top