{mosimage}На популарната друштвена мрежа Facebook, постојат апликации кои навистина можат да создадат проблеми на вашиот профил па и на профилите на вашите пријатели. Постои апликација која испраќа лажно известување кое вели дека вашите пријатели не можат да го видат вашиот профил. Доколку добиете нотификација која вели: “[име на пријател] has faced some errors when checking your profile. View The Errors Message”, потполно игнорирајте го ова известување!
Немојте да ја инсталирате понудената "Error Check System" апликација, бидејќи е тројанец кој ќе ги спамира сите ваши пријатели со истото лажно известување. Се разбира, нема никаков проблем со вашиот профил и лажното известување е обид од трета Facebook апликација да регрутира повеќе корисници и со можност да украде лични информации од профилите.
Грахам Клули од Sophos.com има статија со повеќе детали и начин како да ја отстраните апликацијата, во случај да сте ја прочитале статијава прекасно.
Но, овде не завршуваат проблемите. Доколку побарате на Google, "Error Check System" и ако добиете резултат од "2009022118.kuj2doo.bee.pl", немојте да кликнувате на овој линк од резултатите на пребарувањето. Втората статија на Клули објаснува дека линкот ќе предизвика лажно скенирање на вашиот компјутер против вируси и ќе се обиде да ве измами да инсталирате злонамерен анти-вирусен софтвер.
На крај, Клули поставува интересно прашање:
Дали е можно првата Facebook апликација да биде како мамец, а потоа вистинската опасност да доаѓа откако корисниците ќе прогуглаат за повеќе информации за проблемот?
Ова нека биде едно важно потсетување за сите корисници на Facebook дека мора да бидат претпазливи во врска со тоа кои апликации ќе ги инсталираат на нивниот профил. Треба да знаете дека Facebook не ги одобрува апликациите пред да бидат објавени на нивниот сајт. Навистина ја давате вашата целосна доверба на непознати луѓе, кога додавате некоја апликација на вашиот профил.
{mosimage}






