{mosimage}Доколку сте заинтересирани за астрономија тогаш Astrometry.net е место за вас. Овој проект односно програм ги презема сликите од Astrometry групата на Flickr, сервис за споделување фотографии, ги анализира новите слики и ги распоредува во небото. Иако Astrometry групата на Flickr се всушност научници со високо технолошки телескопи, овој програм ги наоѓа и тие фотки кои се сликани со аматерски апарат.
„Дефинитивно. Има огромен број на одлични аматерски слики со кои често се откриваат супернови и помали планети“ одговори Кристофер Слум, креаторот на Astrometry.net, на прашањето на Flickr Code блогот дали аматерите астрономи можат да придонесат за овој проект.
Кристофер Слум додаде и дека собирањето информации за досегашната датабаза биле потребни 50 години, а со вклучување на проектот, каде програмот ќе скенира за слики од разни извори ќе има побрзи резултати.
{mosimage}
Сајтот на Astrometry.net е доста интересен и нуди вести, корисни линкови, а целиот програм можете да го видите во .pdf.
Овој проект иако независен сепак ќе ги надополни Google-овите Earth и Ocean.






