Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот со 2/3 од светската популација во некаков вид изолација и под превентивни мерки и илјадници затворени бизниси. Но, покрај влијанието кое вирусот го има врз нормалното функционирање на луѓето и нивното здравје, како портал за технологија сакавме да разгледаме и како истиот влијае поконкретно врз ИТ индустријата.
Огромен пад на акциите
Во минатото имало падови на берзата и ако историјата е некаков показател, од ваквите падови нема брзо опоравување. Инвеститорите се приморани да се справуваат со последици кои неретко траат со години, и враќањето во нормала е долг и макотрпен процес.
Во првите 18 дена од март, тргувањето беше прекинато во четири наврати. Првите три беа на 9-ти, 12-ти и 16-ти март, и тргувањето беше прекинато во текот на првиот час од отварањето на берзата, а причина е падот од 7% споредено со вредноста на акциите на затварање. Последното прекинување беше на 18-ти март, подоцна во денот.
Овие прекинувања од прво ниво траат по 15 минути и се задолжителни доколку S&P 500 индексот падне повеќе од 7% пред 15:25 часот, гледајќи ја временската зона во Њуjорк. Намената на истите е да го смират пазарот и да го вратат во нормала. За среќа, ситуацијата не дојде до второ (15% пад) или трето (20% пад) ниво.
Ваквиот пад е загрижувачки најмногу за инвеститорите, кои не се најсигурни дека владите низ светот се способни да го исконтролираат влијанието врз економијата кое го има COVID-19. Доколку се разгледа првата половина на месец март, имаме нестабилност која многу веројатно ќе го стави на тест нормалното функционирање на берзата.
Влијанието на COVID-19 врз глобалното производство на хардвер
Првите случаи на COVID-19 беа пријавени на 31 декември минатата година, во градот Вухан, во Кина. Не долго по ова, следеше затварање на сите аеродроми во истиот, како и контролни точки на сите патишта кои водат во, и вон градот. Она што е карактеристично за Вухан е дека истиот е еден од најголемите центри на производство во Кина, и во светот воопшто.
По Вухан, вирусот се рашири и во други големи производствени центри низ Кина, што имаше дополнително влијание врз глобалната економија и ланците на снабдување. Во обид да се исконтролира ширењето на COVID-19, се затворија многу од фабриките низ Кина, што наштети многу на производството.
Една работа што до некаде им помогна на компаниите е фактот што многу од нив имаат залихи за наредните неколку месеци и можни алтернативни капацитети за производство на готов производ. Сепак, многу од компонентите кои им се потребни имаат потекло од Кина, па сепак има влијание врз производството.
Она што вреди да се напомене е дека Вухан, како и остатокот од Кина, полека се враќаат во нормала. Значително е намален бројот на нови случаи, и зголемен е бројот на луѓе кои се опоравуваат од вирусот. Полека гледаме отварање на некои од фабриките кои беа масовно затварани, а луѓето се враќаат на улиците и си го враќаат животот во нормала. Сепак, ова е процес кој ќе потрае уште некое време, па не може со сигурност да се тврди кога ќе се врати во нормала производството и ланците на снабдување на големите играчи во ИТ индустријата.
Влијание има и врз гејминг индустријата
И покрај фактот што карантинот ни дава време кое може да го посветиме на тоа да изиграме некоја игра на која и се спремаме од поодамна, гејминг индустријата претрпе големи загуби, се со цел да се намали ширењето на вирусот.
Ова е најочигледно кај многуте настани кои беа откажани. Најголемиот удар дојде од откажувањето на Game Developers Conference (GDC) 2020, каде што организацијата одлучи дека ќе е најпаметно настанот да се одложи на неопределен период. Многу од компаниите кои требаше да присуствуваат, како на пример Sony, Facebook, Electronic Arts и Epic Games, го откажаа своето учество од загриженост за здравјето на своите вработени. По ова, се откажаа и South By Southwest (SXSW) кој требаше да се одржи во Остин, Тексас, TwitchCon во Амстердам како и E3 во Лос Анџелес.
Покрај настаните и конференциите кои се откажаа, видовме и многу натпревари во популарни e-sports наслови како League of Legends, PUBG, DotA 2, Counter-Strike и Overwatch кои се откажани или одложени на неопределено време. Niantic, компанијата позади енормно популарната Pokémon GO, откажа собири кои требаше да се одржат на најразлични локации низ светот.
Исто така, вреди да се спомне и дека многу студиа ги охрабруваат своите вработени да работат од дома. Додека кај некои тоа е избор, и е оставено на вработените, други пак потполно ги затвараат канцелариите за да ги заштитат своите вработени и нивните семејства.
Оваа година, поточно при крајот на истата, требаше да се пуштени во продажба новите конзоли на Sony и Microsoft, односно PlayStation 5 и Xbox Series X. И покрај фактот што засега нема информации дека било која од нив ќе е откажана, несомнено е дека каснењето со производство кое го спомнавме погоре ќе има влијание на првичната испорака на истите. Во најмала рака, количините кои ќе се достапни во првите месеци ќе се многу ограничени.
Како ќе се одрази COVID-19 на локалната ИТ сцена
Покрај очекуваното одложување или откажување на локалните ИТ настани како М3Con, Startup Week Skopje, Rails Girls и Robomac во пресрет на пандемијата, неизбежен факт е дека локалната ИТ сцена е во голема мера зависна од аутсорсингот, особено од фирми кои се со седишта во западните земји како САД, Англија, Германија, чии економии се очекува да бидат драстично погодени од економската криза поради променетите услови за работа, ограниченото движење, затворањето на ресторани и трговски центри и сл. На кој и каков начин ова ќе се одрази, засега нема естимации ниту поплаки од ИКТ секторот или коморите, најверојатно од причина што вработените во ИТ компаниите најлесно можат да работат и од дома во вакви услови и инфраструктурно најлесно можат да се адаптираат.
Како ќе се одвиваат работите понатаму?
Единственото нешто што е познато во моментов е дека влијанието на COVID-19 врз ИТ индустријата е многу поголемо и пораспространето отколку што било кој очекуваше. Како последица на ова, невозможно е да се каже колку ќе бидат “повредени” ИТ и гејминг индустриите.
Сепак, има некои предвидувања на Forrester кои до некаде кажуваат што би можеле да очекуваме. Порастот на ИТ пазарот, како во САД, така и низ светот, ќе се намали до околу 2% до крајот на 2020 година. Ова е под претпоставка дека економијата ќе почне да се враќа во нормала во втората половина на годината. Од друга страна, доколку има рецесија, има 50% шанса дека истиот пазар ќе падне над 2% до крајот на годината.
Трошењето на корисниците на опрема за комуникации, како и компјутерска опрема, веројатно ќе падне од 5 до 10 проценти, а таков пад од 5% може да се очекува и кај сервисите и компаниите кои нудат консултации и интеграција на системи.
Покрај овие предвидувања, кои се прилично негативни, вреди да се спомне и дека целата ситуација може да доведе до пораст во cloud сервисите и побарувачката за истите, како и пораст кај компаниите и софтверот за работа и едукација од дома. Пример за тоа е Zoom, компанија која нуди софтвер за видео конференција, чии акции и покрај кризата бележат рекордни котации.
Секако, и покрај фактот што ваквите предвидувања се направени врз основа на се што се случува во моментов, и се што се случувало досега, треба да се земат со доза на резерва, бидејќи како што кажавме, целосниот опсег на влијанието кое COVID-19 го има врз индустријата е невозможно да се предвиди.
За пандемијата на коронавирусот COVID-19
Ажурирано на
25/03/2020
Што е коронавирусот COVID-19?
COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.
Колку е заразен вирусот?
Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.
Каде е проширен вирусот?
Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.
Кои се симптомите?
За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.
Како да се заштитам себеси и другите?
Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.
Каде да се информирам повеќе?
Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:
- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

[…] во светот. Веќе имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги […]

[…] случувањата во светот. Веќе имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги […]
[…] во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи. Очекувано најголем дел […]
[…] во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи. Очекувано најголем дел од […]
[…] во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги […]

Информации за локалните фирми се намерно изоставени, бидејќи истите ги објавуваме во посебни текстови. Првиот може да се најде на овој линк, а во наредниве денови ќе има и за други локални фирми.
Ne si dal nikakvi informacii za momentalnata sostojba vo najgolemite domasni IT firmi, a se’ sto treba da napravis e da zavrtis nekolku telefoni. Sto se slucuva, dali site rabotat od doma, dali ima rabota, dali ima ili se planiraat otpustanja. Za Google i drugite, mozeme da procitame na milion drugi mesta.