Вклучете се во онлајн настава преку PS4 или PS5

Во октомври, ги разгледавме најголемите предизвици за почетокот на училишната година. Независно од тоа кои се вашите мисли за онлајн наставата, моделот е тука да остане. Но, тоа не значи дека наставата не може да се префрли на вашата омилена конзола за забава.

Microsoft Teams е флексибилна платформа и ви дозволува пристап до алатките директно од прелистувачот. Во случај да сте почетник и да не сте запознаени со процедурата, она што следи се чекор-по-чекор инструкции како да започнете онлајн сесија во новата година директно од вашата конзола. Иако процедурата за PS4 е едноставна, ретките сопственици на PS5 принудени се да импровизираат за да дојдат до саканиот резултат.

Како да пристапите до Microsoft Teams на PS4

  • Лоцирајте ја вашата библиотека (Library) и изберете го одделот applications
  • Од тука лоцирајте го PS4 веб прелистувачот
  • Напиштете Microsoft Teams во прелистувачот и логирајте се со уникатното корисничко име и лозинка
  • Потоа започнете онлајн сесија преку понудениот распоред
How to watch Twitch live streams in PS4 browser | Ludophiles - BETA
За повеќето корисници, до прелистувачот можете веднаш да дојдете од почетното мени

Како да пристапите до Microsoft Teams на PS5

  • Преку Settings влезете во User and Аccounts
  • Изберете Link with Other Devices
  • Изберете Twitter
  • Штом добиете пристап до веб прелистувачот изберете го малото лого на Twitter за да добиете пристап до корисничкиот интерфејс на Twitter
  • Логирајте се за да добиете целосен пристап за сурфање на PS5
  • Следете ги чекорите опишани за PS4 за да пристапите кон Microsoft Teams
How to Use the PS5 Web Browser
За жал, веб прелистувачот во PS5 не се истакнува од Sony

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments