Хрватска полека но сигурно станува вистиниски инкубатор за стартапи и иновативна технологија. По Teddy the Guardian, Rimac Automobile, Bellabeat и куп други стартапи, следната иновација доаѓа од Vitastiq. Стартапот претстави уред кој по пат на неинвазивна метода овозможува брзо и едноставно мерење нивото на витамини и минерали во организмот на корисникот и нивно следење со помош на апликација за паметен телефон.
Vitastiq престави уред кој наликува на пенкало, а овозможува едноставно мерење на витамините и минералите во организмот на корисниците. Мерењето се прави на неколку референтни точки и тоа за 30 витамини и минерали одделно. Мерењата се едноставни и се прават со поминување на електродата на точки од телото и лицето, а целта е корисниците да знаат кога треба да внесуваат повеќе витамини и минерали или доколку претерале, да намалат со нивно внесување. Мерењето е по пат на електро-акупунктура и за одредување на состојбата со витамини и минерали се мери отпорот во акупунктурни точки. Покрај увид во состојбата корисниците ќе добијат и совети за балансирање на сопствената состојба.
„Ова е паметен и едноставен начин за грижа за здравјето со кој се олеснува увидот за земање на додатоци во исхранaта, но и персонализација на нутриционистичкиот план. За прв пат корисникот може сам со помош на паметен телефон, уред и апликација да ја мери витаминско-минералната состојба било кога и било каде“, вели креаторот на Vitastiq, Деан Враниќ за Netokracija.
Vitastiq во моментов собира средства од Indiegogo кампања која ги надмина очекувањата од 49.000 долари. Во моментов се на 57.400 долари од 515 поддржувачи, а доколку стигнат до 79.000 долари најавуваат златен и црн Vitastiq уред за постоечките и следните подржувачи. За сега апликацијата е достапна единствено за iOS, а верзијата за Android доаѓа во април.
[youtube]9vc6LCdCBaE[/youtube]