Xiaomi претстави конкурент на iPhone

во Мобилни

Највредниот стартап во моментов – кинескиот производител на паметни уреди и телефони Xiaomi – претстави нов фаблет со кој може да му конкурира на Apple. Како и останатите телефони од компанијата и за овој се чини дека компарацијата со iPhone е неизбежна, посебно што Mi Note е потенок и полесен од iPhone 6 Plus, вели Engadget.

Иако е очигледен трудот на Xiaomi да го копира Apple во секој поглед, дури и во дизајнот на сајтовите за новиот телефон, што го поставува прашањето – кој би сакал да користи копија? – овојпат сите се согласни дека Xiaomi Mi Note е одличен уред, и вистински конкурент на iPhone.

Мi Note доаѓа со 5.7 инчен екран со 1080р резолуција и 386 ppi. Поскапиот модел пак ќе доаѓа со 2.560х1.440 дисплеј и 515 ppi. Камерите на телефонот се 14МР f/2.0 со оптичка стабилизација на слика на задната, и 4MР предна камера. Основниот модел доаѓа со Qualcomm Snapdragon 801 процесор на 2.5GHz, Adreno 330 графички процесот, 3GB и слободен простор од 16, односно 64GB во зависност од моделот. Батеријата на Mi Note е 3000mAh и Quick Charge 2.0 за побрзо полнење.

Најавен е и модел со осум-јадрениот Snapdragon 810, Adrеno 410 графички процесо, 4GB LPDDR4 RAM, 64 GB слободен простор. Токму овој модел треба да биде одличен показател дека Xiaomi може да направи телефон со кој ќе може да им конкурира на најдобрите телефони во моментов. Иако кога е во прашање пазарот се чини дека Xiaomi нема потреба од дополнително докажување, бидејќи во моментов се трет производител во светот и прв производител во Кина.

Цената на телефонот од 370 до 450 долари и ќе биде достапен во Кина од 27 јануари. поексклузивниот модел со осум-јадрен процесор ќе биде достапен во март. Телефоните се достапни во бела и црна боја, а ексклузивниот модел ќе биде достапен во златна варијанта.

[youtube]LsvriZM6F68[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Kiro Velkovski
11 years ago

Колку што разбрав, ќе го има наскоро и во http://www.hi.com.mk кои што носат Xiaomi во Македонија и на Балкан. Зборнете со нив, гарант ќе има некој модел на располагање и за тестирање :)

Виктор Дано
11 years ago
Reply to  Kiro Velkovski

Фала Киро, ќе разгледаме. :)