Високата цена на Bitcoin е предизвикана од манипулација

Група истражувачи од Универзитетот од Тексас објави дека имаат сознанија дека растот на биткоин и високата цена се предизвикани од манипулација.

Експертите сметаат дека овие манипулации со цената се причина за 50% од растот на Bitcoin и дури 64% на другите валути. Професорот Џон Грифин смета дека растот на биткоин е предизвикан од неколку големи играчи на пазарот. Тие преку Bitfinex манипулираат со вредноста на крипто валутата.

Истражувачите ја истражуваа врската помеѓу крипто валутата Tether и останатите криптовалути. Истражувачите открија дека со падот на биткоин веднаш започнувало купување со Tether. Tether се користел за поддршка на цената и за манипулирање со цената на крипто валутата.

Над 50% од растот на цената на битокин е во периодот од 1 час откако Tether ги преплавувал другите берзи. Истражувањето е направено исклучиво врз база на блокчејнот. Засега ова не може да се потврди со сигурност. Дополнително, основачите на Bitfinex можеби и не се воопшто вмешани во овие манипулации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk