Viscera е аркадна пукачка игра со импресивен број од уникатни оружја и способности

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Понекогаш, преку глава ни е од комплексна приказна и неколку-слојни механики кои бараат размислување. Понекогаш, се што сакаме е да се расположиме со едноставна, но вртоглава акција. Во такви ситуации, чедото на Animation Logic е мелем за душата.

Вонземен пустош

По чекорите на Vampire Survivors, Viscera ви дозволува да навлезете во една од четири мапи и да се соочите со легија од суштества, користејќи, притоа, арсенал од импресивни оружја.

Viscera отвора брутален, постапокалиптичен свет каде вие сте единственото лице што може да стави крај на вонземната орда. Па така, секое втурнување на мапата е само нова можност за top down адреналинска акција.

Viscera се истакнува од морето слични игри поради две клучни причини. Прво, има многу оружја и способности. А, кога викаме многу, мислиме на навистина многу! Над 50 оружја и над 80 способности ќе се погрижат секое идно преигрување да биде поразлично од претходното. Тоа беше првата работа која пријатно не изненади со играта – дарежливостта на константното сервирање најразлични оружја и способности.

Секое од оружјата е внимателно осмислено и се одликува со уникатна, деструктивна изведба. Вистинско задоволство е да се користи секое оружје и да се види како реагираат вонземјаните, особено кога ќе користите оружје од потешка категорија за да ја обоите земјата црвено. Иста е ситуацијата и во поглед на способностите.

Авторите не се задоволуваат само со нудење генерично зголемување на статистички вредности, туку нудат способности кои значително ја менуваат ситуацијата. Некои од нив се навистина откачени како способноста руски рулет. Доколку решите да играте опасно, оваа способност или ќе ве инстантно убие или ќе ви даде запрепастувачко висока сума пари. Шансите се 50-50.

Втората работа поради која топло ја препорачуваме Viscera e визуелната презентација. Со преубава графика, веродостојни анимации и бомбастични специјални ефекти, играта на Animation Logic е вистински празник за очи. Додадете ги на ова и агресивните музички нумери и добивате целосен пакет од откачена, брза акција која загарантирано ќе ве релаксира.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Animation Logic Ltd
  • Издава: Animation Logic Ltd
  • Жанр: акција RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 12 ноември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments