iPhone/iPod за секој студент

во Свет

{mosimage}Универзитетот Абилејн во Тексас оваа школска година ја започна со интересен веб 2.0 проект преку кој на секој нов студент му даде можност да избере помеѓу iPhone 3G или iPod Touch. Проектот има за цел да го истражи и подобри начинот на мобилно учење.

Овогодинешниот број на нови студенти изнесуваше околу 1.000, од кои 650 го избраа телефонот, додека 300 се решија за плеерот. Уредите се овозможени од страна на универзитетот, додека самиот студент ги сноси трошоците за сметките и месечните планови за телефонот.

"Го користам iPhone-от во четири од моите пет предавања. Кога професорот ќе ни посочи да го извадиме телефонот и да го пронајдеме неговото значење, го правам тоа на многу лесен начин преку Google или Wikipedia на интернет. Навистина е брзо." – вели Halie Davis, "мобилизиран" студент.

Абилејн универзитетот во последната година значајно ја подобри својата ИТ инфраструктура, воведе подобрена безжична мрежа и нови софтверски пакети за внатрешна организација и настава. Дополнително на тоа, изгради и голем број на веб-базирани мобилни апликации кои всушност го поттикнаа развојот на овој проект.

{mosimage}

А, благодарение на AT&T (примарниот оператор за iPhone телефоните засега) целиот кампус на факултетот сега содржи подобрена 3G мрежа, затоа што телекомот ги подобрил најблиските базни станици за подобар сигнал откако разбрал за намерите за м-учење.

Една од најпуларните апликации помеѓу новите студенти е MyMobile – која му овозможува на секој студент на лесен начин да види во кои предавања е вклучен, каде тие се одржуваат, кој ги предава, и дава 3D генерирана мапа на кампусот за подобро снаоѓање.

Но ова е само еден од многуте начини на кои студентите се вклучени во овој проект за експериментирање со мобилно учење. Постојат и други апликации кои овозможуваат интерактивни тестови, анкети, календари за настани и слично.

{mosimage}

Според досегашните реакции, студентите навистина уживаат кога некој од професорите ќе побара онлајн анкета за време на предавањето, каде што секој студент ќе може да го истакне својот одговор и сите ќе можат да ги прегледаат резултатите инстантно.

Проектот "iPhone/iPod за секој студент" доаѓа по претходниот неуспех на проектот "лаптоп за секој студент" од кој универзитетот се откажал дури и пред да го примени заради скапите цени на опремата и несигурноста за неговиот успех.

Интересно би било да видиме во иднина вакво нешто и во нашите образовни институции, кога веќе најавуваме м-услуги како плаќање на таксени марки со помош на СМС пораки…

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

The Bright Box

Android Developer

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Front-End Developer

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk