{mosimage} На YouTube видеото се појави видео од дечко во тесен комбилизон кој фаќа лаптоп со својот задник. Ова видео за само 2 дена, објавено е на 10 август, го привлече вниманието на околу 125,000. Мора да се забележи дека пред 2 часа, кога прват го видов видеото, беше видено од 100.000 корисници. Надополенето:
Додека го напишав и објавив текстот сега видеото е видено околу 150.000 пати.
Сите ја знаеме моќта на YouTube многу бргу да популаризира одредено видео, но во овој случај се работи за интересен маркетинг трик. На видеото тенкиот лаптоп е всушност X-slim, новиот лаптоп на MSI. Производителот на компјутери започна промоција на овој лаптоп така што отвори YouTube натпревар за најкреативно видео што би го промовирало X-slim.
Поентата на ова видео е да демонстрира колку е тенок X-slim. Ако можеш да го фатиш со задникот, тогаш навистина е тенок, нели? Звучи бизарно, но погледнете за што станува збор.
Колку е ефективен овој вирален маркетинг? Еве друг пример за вирално видео. На 3 август на YouTube се појави видео со откачен каскадерски трик, каде дечко отскокнува од дооолга водена лизгалка и завршува во мало базенче десетици метри подалеку. Поедноставно е ако го погледнете видеото.
Навистина откачено, нели? Ова е маркетиншки трик за промовирање на Microsoft Оffice Германија .(На истиот линк се објаснува и како е направено видеото. )
Како што може да видите, „Megawoosh" видеото е видено над 1.2 милион пати за само 9 дена. Кампањата е очигледна. Натерај ги луѓето да зборуваат и да се расправаат за веродостојноста на видеото, и потоа кажи дека станува збор за Мicrosoft Office сајт и дека како е направено видеото
може да се види на тој сајт. Иииии… добивате
промоција на проект пред 1 милион луѓе за само 9 дена.
Слична вирална кампања беше направена и со Internet Explorer 8, но со поголем ефект. Повеќе тука.






