{mosimage} Постојано пишуваме за пребарувањето во реално време и за тоа неговиот потенцијал се демонстрира од Twitter, мал сервис, но гигант во иновативноста во комуникацијата и информирањето. Вчера како што знаете се одигра Македонија-Шпанија. Па, инспирирани од идејата на @Arheoblog, најдовме интересен пример да го објасниме сервисот и тоа што значи пребарување во реално време.
„Како твитер заедницата го коментираше натпреварот Македонија-Шпанија – Се трудам малку да го популаризирам твитеров“ твитна @Arheoblog.
Нејзиниот линк води на оваa слика на Facebook.
{mosimage}
На сликата се твитовите од разните периоди на натпреварот, од почетното отварање до неверојатните 5 минути во кои Македонија прими 3 гола. Сето тоа се дискутираше во реално време додека траеше натпреварот. Некој твиташе преку мобилен од стадионот, друг од дома додека ја гледа утакмицата, трет споделува идеи и мислења и покрај тоа што не ја гледа утакмицата. Слично како да сте со друштвото и да дискутирате додека гледате фудбал. Само што со Тwitter е целиот свет.
Пребарувањето во реално време е токму тоа – споделување на информации во реално време додека се случува нешто. @Arheoblog, сепак, во нејзината слика има само дел од дискусијата меѓу македонските корисници на Twitter. Ако го искористите пребарувањето на Twitter ќе ја добиете целата слика. Еве што ќе добиевте за Горан Пандев за време на утакмицата, односно кога Македонија води 2:0.
{mosimage}
Глобална дискусија, нели?
Можеби, фудбалски натпревар е лош пример да се објасни пребарувањето во реално време бидејќи спортот е повеќе дискусија отколку споделување информации. Можеби за потенцијалот на информирањето на овие сервиси може да покаже примерот со земјотресот кој се случи вчера на другиот крај од светот во Јапонија. Еве го првиот твит за земјотресот.
{mosimage}
Во исто време се случува и популарната пејачка Beyonce заедно со раперот Jay-Z да патува низ Јапонија. Еве што твита нејзината сестра за земјотресот.
{mosimage}
Анонимни твитови кои информираат за земјотрес, фудбалски натпревари, дискусија меѓу непознати луѓе, познати ѕвезди, головите на Пандев дискутирани од шпанци, Јапонија … сите овие информации ви се достапни веднаш и од „прва рака“.
Бидејќи друштвените мрежи ги собраа луѓето на едно место, дискусиите стануваат се поглобални. Сите сме поврзани онлајн на еден или друг начин, а пребарувањето во реално време низ тие дискусии ќе ви покаже информации и детали за најразновидни случувања. Ако сите ги гледаа вестите на ТВ за да видат што се случува со светот, сега сите
ги пребаруваат друштвените мрежи за да дојдат до тие информација.
Дали сте фан на популарна пејачка или ве интересира за земјотресот, ќе ве привлече истиот твит од 140 карактери, со детали за моменталните случувања, односно случувања во реално време.






