Вратете ни го стариот Facebook!!

во Веб

{mosimage} Минатата недела Facebook стартуваше нов дизајн, воведувајќи ги „News Feed" и „Live Feed" oпциите кои требаа да го направат профилот подинамичен со повеќе информации. Но, на корисниците тие промените не им се допаднаа. Затоа се организираа на најдобар можен начин – отворија Facebook групи против новиот дизајн на друштвената мрежа.

PLEASE GIVE US OUR OLD NEWS FEED BACK!“ групата секој ден има се поголем број членови – моментално има над 530.000 членa, a вчера вeчер, можеби пред десетинa часа, групата имаше околу 470.000 члена.

{mosimage}

Постои и македонска група против новиот дизајн на Facebook. „Не ми се свига новиот Фејсбук.. Вратете ни го назад стариот“ групата има околу 30.000 члена и постојано се зачленуваат нови.

{mosimage}

Претходно Facebook откажа нов дизајн поради огромното незадоволство на корисниците. Дали и овој пат ќе се врати на стариот дизајн, зависи од моќта на корисниците.

*кажете ни го вашето мислење за новиот дизајн на Facebook Можете да постирате на форумот, веќе има отворена тема „Facebook со нови промени“, или moжете да ни пишете подолу во коментарите.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments