0 коментари 2 мин. читање 21 август, 2012

eBay забрани баење, тарот, гатање и други магии

За жал на eBay веќе нема да се продава „магија за претварање во врколак“. Онлајн продавницата ги забрани сите продажби на предвидувања, магии, гатање, тарот карти, вуду кукли и духови од лампа.

„Сакаме корисниците да имаат добро искуство на eBay, и затоа често ги прегледуваме категориите и ги подобруваме полисите за да го обезбедиме најдобро искуство при купување и продавање.“, вели eBay.

Според полисата на eBay, забранети се сите нешта кои не вистински, опипливи и стварни, бидејќи трансакциите во категориите со такви производи може да бидат проблематични да се остварат и потврдат. Ова значи дека се укинати некои категории во менито за Метафизика.

Интересно, иако продажбата на вакви „производи“ доведува до расправии меѓу продавачите и купувачите, сепак околу 1.500 луѓе потпишаат петиција против одлуката на eBay да ги забрани производите кои не се опипливи. Според некои корисници, ако верувате во такви нешта, тогаш треба да ви е дозволено да ги купите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top