Викенд гејминг предлози: Mizuchi и Cube Snake

во гејминг

Изборот паѓа на:

Mizuchi или Cube Snake

Mizuchi: Приказната за љубовта, загубата и откривањето себеси излезе и за PS4/5 и NS

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на визуелни романи
  •  Прекрасни CG и BG илустрации, оригинална музика
  •  Пет различни краеви

Mizuchi е визуелна новела во жанрот на фантастична романса. Покрај тоа што е играта инспирирана од Легендата за Белата Змија – позната азиска љубовна приказна – романот е инспириран и од други мултикултурни фолклорни елементи. Како резултат, добивате крајно невообичаено искуство со неочекувани пресврти и харизматични ликови.

Внатрешна сила за промена на сопствената судбина

Mizuchi се „игра“ како и секоја друга визуелна новела, односно ви дозволува релативно пасивно да гледате како се одмотува наративното клупче. Во оваа ситуација, сведоци сте на безизлезната ситуација на сиромашната Лин. Обвинета за злосторство што не го сторила и препуштена на милоста и немилоста на селското змиско божество, Лин ќе добие неочекувана помош од мистериозно суштество. Но помошта доаѓа со висока цена, оставајќи ја Лин да одлучи да плати за слободата со нејзината душа.

Mizuchi е прекрасна игра со впечатлива приказна. Играта излезе на Steam пред скоро пет години и ужива во 95% позитивни рецензии. За жал, играта се чини како да е проверена од мал број гејмери, што, според нас, е навистина штета, особено кога ќе ги земете во предвид бројните ситуации поврзани со преиспитување на животните мудрости, среќата и што значи да се биде човек. Одредени одлуки кои ги донесувате во играта ви дозволуваат да откриете одредени мисли поврзани за идентитет, пријателство, љубов и загуба.

Mizuchi 白蛇心傳 е визуелна новела која ветува возбудливо патување низ светот на фантазијата, романсата и потрагата по себеси. Со своите прекрасни илустрации, оригинална музика и емотивна приказна, играта е солиден избор за љубителите на визуелните новели и љубовните приказни.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Aikasa Collective
  • ИздаваAikasa Collective
  • Жанр: визуелна новела
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на:  јануари 2025 за конзоли

Cube Snake: Ретро-футуристичка забава со модерен изглед

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на оригиналната Snake
  •  Едноставна забава во тродимензионален простор
  •  Собирање поени и искачување на врвот на глобалната листа

Cube Snake е модерна реализација на класичната игра Snake од 1976 и 1998 година. Играта сега се испорачува во тродимензионална форма со невообичаена комбинација од  ретро-футуристички и киберпанк дизајн.

Чудно е да објаснуваме како се игра една од напознатите игри во светот, особено доколку сте имале нокиа телефон. Како и да е, забавниот фактор во cube snake се огледа во нејзината едноставност – движење на змијата по подот и ѕидовите со помош на само две копчиња – лево и десно. Целта е да се јаде храната што се појавува на случајни места. Со секоја конзумирана храна, змијата станува се подолга и подолга. Но, со растот на змијата – расте и предизвикот, принудувајќи ве да сте особено внимателни да не ја преминете црвената линија.

Cube Snake е модерна интерпретација на класична игра која ќе ве забавува со часови. Едноставна, но предизвикувачка, оваа игра е совршена за сите кои сакаат носталгична забава во ново руво.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Kabum
  • ИздаваKabum
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на:  30 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk