Ја игравме KARMA: The Dark World!

во гејминг

Една работа мораме веднаш да расчистиме: авторот на овој текст не сака хорор игри. Особено добри хорор игри. Не затоа што не можеме да се соживиме со тематиката која се обработува, туку баш поради тоа што премногу се соживуваме со настаните, ризикувајќи срцев удар по само десет минути играње. Демото кое Wired Productions не поканија да го провериме не е добро. Одлично е! А ние сме еден чекор поблиску до судбоносната трагедија.

Игра на POLLARD STUDIO LLC и Wired ProductionsGamera Games

KARMA: The Dark World е психолошки трилер сместен во дистопичен свет каде што корпорацијата Левијатан е сеприсутна. Преку масовен надзор, строги општествени класи и влијателни дроги, корпорацијата владее со железна тупаница. 1976 не е добра година ако не ви се допаѓаат овие работи. За наша среќа, ние се наоѓаме на добрата страна на Левајатан. Играме со Даниел МекГоверн, агент на Одделот за мисли. Користејќи напредна технологија, способни сме да навлеземе во умовите на обвинетите, да истражуваме места на злосторства, да ги испрашуваме осомничените и, секако, да ги приложуваме вашите наоди назад до челните лица во Левијатан.

Демото почнува силно, со длабоки филозофски мисли поврзани за самооткривање. Мисловниот процес на Даниел е нагласен со прекрасна комбинација од релаксирачка музика која мајсторски преминува на вознемирувачка територија, полна со гласни и тензични звуци, алудирајќи на почеток кој се темели на стаклена основа.

Некои луѓе имаат глава, а некои – екран. Свесни сме што напишавме, добро прочитавте.

Уште на самиот почеток во демото ја добивме можноста да истражуваме огромно место, да читаме најразлични документи, како и да решаваме паметни-осмислени загатки, како барање карти, пробивање комбинации, комбинирање предмети и слично. Чисто за пример, за да отвориме една фиока, ни треба комбинација, а, за да ја најдеме комбинацијата, потребно е да видиме што ни покажува една од сликите на ѕидот (нешто што откривме преку читање еден документ). Арно ама, сликата повеќе не е во ходникот.

Комбинацијата ја откривме така што ги прочешлавме регистрираните снимки во системот

Имаме чести ситуации каде напредувањето ни е попречено поради немање соодветна картичка или комбинација, со што сме принудени да ги засукаме ракавите и да изнајдеме логичко решение. Уживавме во ова, и покрај суптилната закана за хоророт кој се прикрадува. Имено, не мора нешто да видите за да се исплашите во KARMA: The Dark World. Доста е тоа што сте жртви на креативниот звучен дизајн.

Светот е прекрасно дизајниран, со интересна комбинација од познатото со непознатото

Огромно внимание е посветено и на дизајнот на светот. Секоја соба и ходник се полни со предмети, раскажувајќи суптилни приказни за минати и необјасниви настани. Не мора jumpscare за да почувствате тензија и ужас. Едноставните работи, како треперење на осветлувањето, или стратешко расфрлани предмети, ве ежат во KARMA: The Dark World.

Ништо не нѐ спреми за ова

Експлозија на суптилното наговестување

За брзо време, работите заземаат подраматична форма. Во втората половина од дво-часовното демо се најдовме во место каде границата помеѓу реалното и нереалното е невидлива, а она што останува е ужас во најчиста форма, уредно маскиран под приказна за семејство, љубов, загуба и контрола.

Во тој втор дел од демото, KARMA: The Dark World е како безмислосен киднапер. Ве зграпчува за ракавите и ве влече низ серија од апсурни ситуации, константно врескајќи ви во лице, недозволувајќи ви ни еден момент да се стабилизирате и правилно да го процесирате тоа што го гледате. Кон епицентарот на хаотичното лудило од висечки часовници, кукли, тела, крв и црна заканувачка течност, нѐ влечеа како кукла на конци, откривајќи ни вознемирувачки работи за минатото на Даниел.

Она што сакаме да кажеме е дека KARMA: The Dark World е болна игра. И апсолутно уживавме во неа.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: POLLARD STUDIO LLC
  • ИздаваWired ProductionsGamera Games
  • Жанр: хорор
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments